EasyManua.ls Logo

Philips LatteGo EP3326/90 - Табела за решавање проблеми

Philips LatteGo EP3326/90
618 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
563
Македонски
Македонски
Икона за
предупред
ување
Решение
Светлата на темните икони се вклучуваат и исклучуваат една по една.
Машината се загрева и/или се обидува да го испушти воздухот што е повлечен во
неа. Почекајте додека сите икони на пијалаците не почнат да светат постојано.
Светлата на сите икони за предупредување трепкаат.
Ресетирајте ја машината со тоа што ќе ја исклучите и повторно ќе ја приклучите.
Пред повторното вклучување на машината, следете ги овие чекори:
- Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода.
- Ставете го резервоарот за вода на своето место. Вметнете го во машината што е
можно подлабоко за да се осигурите дека е во точната положба.
- Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и проверете дали
е затнат со прав од кафе. За да го исчистите, вметнете рачка од лажица во
преградата за претходно мелено кафе и движете ја рачката нагоре и надолу
додека не испадне заглавеното мелено кафе (Сл. 30). Извадете ја групата за
варење и отстранете го целото мелено кафе што испаднало. Вратете ја чистата
група за варење на место.
- Повторно вклучете ја машината.
Ако проблемот се реши, значи дека филтерот AquaClean не бил подготвен
соодветно. Подгответе го филтерот AquaClean пред повторно да го вметнете со
следење на чекорите 1 и 2 во поглавјето „Активирање на филтерот за вода
AquaClean (5 мин.)“.
Ако светлата и понатаму трепкаат, можно е машината да се прегреала. Исклучете ја
машината, почекајте 30 минути, а потоа повторно вклучете ја. Ако светлата и
понатаму трепкаат, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата
држава. За деталите за контакт, погледнете го меѓународниот гарантен лист.
Табела за решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за
поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на
www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.
Проблем Причина Решение
Послужавникот за
капење се полни брзо.
Тоа е нормално. Машината
користи вода за да ги плакне
внатрешното коло и групата за
варење. Дел од водата
поминува низ внатрешниот
систем и директно во
послужавникот за капење.
Празнете го послужавникот за капење
секојдневно или штом ќе се појави
црвениот индикатор „послужавникот за
капење е полн“ низ капакот на
послужавникот за капење. Совет:
ставете чаша под одводот за
распрскување за да се собере водата за
плакнење што ќе излезе од него.
Светлото „испразнете го
садот за мелено кафе“ е
постојано вклучено.
Сте го испразниле садот за
мелено кафе додека машината
била исклучена.
Секогаш вадете го и празнете го садот
за мелено кафе додека машината е
вклучена. Извадете го садот за мелено
кафе, почекајте најмалку 5 секунди, а
потоа повторно вметнете го.

Table of Contents

Related product manuals