Вашата Philips Sonicare (сл. 1)
1 Заменлива глава за четка на Philips Sonicare
2 Индикатор за полнење батерија (само кај одредени типови)
3 Копче за вклучување/исклучување
4 Рачка
5 Полнач
Подготовка за користење
Прикачување на главата на четката
1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната ќе бидат
насочени во истата насока со предниот дел на рачката (Сл. 2).
2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден
дел додека не сопре.
Забелешка: помеѓу главата на четката и рачката има мал простор.
Полнење на уредот
1 Ставете го приклучокот во ѕидниот приклучок.
2 Поставете ја рачката на полначот.
3 Индикаторот за полнење на батеријата покажува приближно уште
колку батерија е останата.
-
Зелено светло: 50-100%
-
Трепкачко зелено светло: 5-49%
-
Трепкачко зелено светло и 3 звучни сигнали по циклусот на
четкање: помалку од 5% и четката за заби мора да се полни.
Забелешка: за целосна наполнетост на батеријата во секое време,
може да ја држите вашата Philips Sonicare на полначот кога не се
користи. потребни се најмалку 24 часа за целосно полнење на
батеријата.
Користење на Philips Sonicare
Упатства за четкање
1 Навлажнете ја четката и нанесете мало количество паста за заби.
147
Македонски