2 Поставете ги влакната од четката за заби на забите под мал агол
(45 степени), притискајќи цврсто за да стигнат влакната до непцето
или малку под непцето. (Сл. 3)
Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со
забите цело време.
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја
вклучите Philips Sonicare.
4 Лесно притиснете за да ја максимизирате ефективноста на Philips
Sonicare и оставете четката за заби Philips Sonicare да го заврши
четкањето за вас. Не тријте.
5 Нежно полека движете ја главата на четката преку забите со мали
движења напред-назад, за да можат подолгите влакна на четката
да дофатат помеѓу забите. Продолжете со ова движење во текот
на целиот на циклусот на четкање.
6 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби,
свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку
вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб.
Забелешка: за да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во
устата, поделете ја устата на четири дела со функцијата
Интервално четкање (погледнете во поглавјето „Функции“).
7 Започнете со четкање на делот 1 (надворешна страна на горните
заби) и четкајте 30 секунди пред да продолжите на делот 2
(внатрешна страна на горните заби). Продолжете со четкање на
делот 3 (надворешна страна на долните заби) и четкајте 30
секунди пред да продолжите на делот 4 (внатрешна страна на
долните заби) (Сл. 4).
8 Откако ќе го завршите циклусот на четкање, може дополнително
да ги четкате површините за џвакање на забите и местата каде
што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со вклучена
или исклучена четка за заби, како што претпочитате. (Сл. 5)
Вашата Philips Sonicare е безбедна за користење на:
- Протези (главите на четката се абат побрзо ако се користат на
протези).
- Дентални реставрации (пломби, мостови, навлаки).
148
Македонски