Забелешка: кога Sonicare се користи за клинички испитувања,
рачката треба да биде целосно наполнета. Деактивирајте ја
функцијата Едноставно стартување, а за областите каде што има
поголеми дамки, може да се четка дополнителни 30 секунди за да
се помогне со отстранувањето дамки.
Функции
Едноставното стартување
Функцијата Едноставно стартување е веќе активирана на овој Philips
Sonicare.
Функцијата Едноставно стартување полека ја зголемува силата во
текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се навикнете на
четкањето со Philips Sonicare.
Забелешка: секое од првите 14 четкања мора да трае најмалку 1
минута за да се помине правилно низ циклусот на засилување на
Едноставното стартување.
Активирање или деактивирање на функцијата Едноставно
стартување
1 Прикачете ја главата на четката на рачката.
2 Поставете ја рачката во приклучениот полнач.
За активирање на Едноставното стартување:
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување 2
секунди. Ќе слушнете два звучни сигнали што означуваат дека
функцијата Едноставно стартување е активирана.
За деактивирање на Едноставното стартување:
Притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување 2
секунди. Ќе слушнете еден звучен сигнал што означува дека
функцијата Едноставно стартување е деактивирана
Забелешка: користењето на функцијата Едноставно стартување
после периодот на засилување не се препорачува и ја намалува
ефикасноста на Philips Sonicare во отстранување на забниот камен.
Паметен тајмер
Паметниот тајмер означува дека циклусот на четкање завршил со
автоматско исклучување на четката за заби на крајот од циклусот.
149
Македонски