EasyManua.ls Logo

Philips Sonicare EasyClean HX6511 - Page 150

Philips Sonicare EasyClean HX6511
164 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути
двапати дневно.
Ако сакате да паузирате или да престанете со четкање за време на
циклусот на четкање од 2 минути, притиснете го копчето за
вклучување/исклучување. Повторно притиснете на копчето за
вклучување/исклучување и Паметниот тајмер ќе продолжи каде што
застанал. Паметниот тајмер се ресетира автоматски на почетокот од
циклусот на четкање од 2 минути ако:
- го сопрете четкањето 30 секунди или подолго.
- ја ставите рачката на полначот.
Quadpacer
Quadpacer е тајмер на интервали. На 30, 60 и 90 секунди ќе
слушнете краток звук и ќе се паузира четкањето. Ова е вашиот сигнал
да продолжите на следниот дел од устата.
Чистење
Не чистете ги главите на четката, рачката, полначот или неговите
капаци во машина за миење садови.
Рачка на четката за заби
1 Отстранете ја рачката на четката за заби и исплакнете ја областа
на металниот издаден дел со топла вода. Осигурете се дека ќе ги
отстраните сите траги од пастата за заби (Сл. 6).
Внимание: не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел
со остри објекти, бидејќи може да се оштети.
2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа.
Глава за четката
1 Исплакнете ги главата и влакната на четката по секое користење
(Сл. 7).
2 Отстранете ја главата на четката од рачката и плакнете го
конекторот на главата со топла вода најмалку еднаш неделно.
Полнач
1 Исклучете го полначот од струја пред да го чистите.
150
Македонски

Related product manuals