2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа. Осигурете
се дека сте ја отстраниле пастата за заби или другите остатоци од
површините на полначот.
Замена
Глава за четката
Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци
за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само
глави за четка на Philips Sonicare.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не треба да се фрла
заедно со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 10).
- Овој симбол означува дека овој производ содржи вградена
батерија на полнење која не треба да се фрла со обичниот отпад
од домаќинствата (Сл. 11) (2006/66/EC). Строго ви препорачуваме
да го однесете вашиот производ до назначено место за собирање
или сервисен центар на Philips за да може професионално лице
да ја отстрани батеријата на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно
собирање на електрични и електронски производи и батерии на
полнење. Правилното отстранување помага да се спречат
негативни последици за животната средина и здравјето на
човекот.
Вадење на батеријата на полнење
Предупредување: ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА ОВОЈ ПРОЦЕС
НЕ Е РЕВЕРЗИБИЛЕН.
- За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви треба рамен
(стандарден) шрафцигер. Почитувајте ги основните безбедносни
мерки при следење на постапката опишана подолу. Заштитете си
ги очите, рацете, прстите и површината на којашто работите.
1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото
полнење, отстранете ја рачката од полначот, вклучете ја Philips
Sonicare и оставете ја да работи додека не сопре. Повторувајте го
чекоров до моментот кога Philips Sonicare не се вклучува.
151
Македонски