106
Трепка трипати во секунда 15 пати.
Моторот е заглавен или оштетен. Отстранете ја батеријата (Сл. ), почекајте 10
секунди, а потоа повторно вратете ја
батеријата. Ако ова на успее, однесете го
уредот во сервисен центар на Philips или
контактирајте со центарот за грижа за
корисници на Philips.
Трепка двапати во секунда 10 пати.
Има заглавен предмет во млазницата. Осигурете се дека уредот е исклучен.
Испразнете ја млазницата според
упатството за употреба, така што ќе ја
отстраните цевката од главниот уред.
Отстранете го предметот во млазницата и
рестартирајте го уредот.
Трепка трипати во секунда 15 пати.
Има краток спој во млазницата. Отстранете ја млазницата, оставете ја на
страна за потенцијалната влага да се исуши,
а потоа вратете ја млазницата. Ако ова на
успее, однесете го уредот во сервисен
центар на Philips или контактирајте со
центарот за грижа за корисници на Philips.
Трепка двапати во секунда 10 пати.
Се користи погрешен адаптер. Сменете на испорачаниот адаптер.
Трепка четирипати во секунда 20 пати.
Батеријата не е наполнета. Полнете го уредот и рестартирајте го
уредот. Ако ова на успее, однесете го уредот
во сервисен центар на Philips или
контактирајте со центарот за грижа за
корисници на Philips.
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на
информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support за да побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се
во Центарот за грижа на корисници во вашата земја.
Проблем Можна причина Решение
Уредот не реагира кога ќе се
притисне копчето за
вклучување/исклучување.
Батеријата е празна. За да ја наполните батеријата, поврзете го уредот со
станицата за полнење или прикачете ја рачната
правосмукалка директно на приклучокот од адаптерот.
Температурата на уредот е премногу
висока или ниска.
Погрижете се уредот да се користи на температура
помеѓу 0 °C и 35 °C.
Постои прекумерна струја во уредот. Почекајте 30 секунди пред да го рестартирате уредот.
Ако сте го провериле горенапишаното и уредот сѐ уште
не се полни, однесете го кај овластен сервисен центар
на Philips или контактирајте со центарот за грижа на
корисници.
Батеријата е наполнета и прикачена,
но уредот не се вклучува.
Уредот е сѐ уште поврзан на адаптерот. Отстранете го уредот од адаптерот пред да го
рестартирате.
Ако сте го провериле горенапишаното и уредот сѐ уште
не се полни, однесете го кај овластен сервисен центар
на Philips или контактирајте со центарот за грижа на
корисници.
Уредот се полни многу бавно. Се користи надворешен адаптер или
адаптер од други уреди.
Полнете го уредот само со доставениот адаптер.
Станицата за полнење не е стабилна
на ѕидот.
Шрафовите што ја држат станицата за
полнење се лабави.
Затегнете ги шрафовите.
Шрафовите не се со иста големина. Монтирајте ја станицата за полнење со доставените
шрафови.
Станицата за полнење не е прикачена
на стабилен ѕид.
Проверете дека ѕидот на кој ќе се прикачи станицата за
полнење е стабилен.
Уредот има помала моќност на
смукање од обично.
Филтерот и циклонот се валкани. Испразнете ја корпата за прав. Исчистете го филтерот и
циклонот (Сл. ). Погрижете се филтерот да се мие
најмалку еднаш месечно кога уредот се користи
редовно. Осигурете се дека сте ги отстраниле косата и
нечистотијата што се заглавени во циклонот.
Садот за прав не е прикачен правилно
на уредот.
Осигурете се дека садот за прав е правилно прикачен.