107
Проблем Можна причина Решение
Филтерот е стар. Може да ги купите нови филтри во онлајн
продавницата на Philips на www.philips.com/support
или кај продавач на Philips.
Ако сте го провериле горенаведеното и уредот сѐ уште
има помала моќност на вшмукување од вообичаеното,
однесете го во сервисен центар на Philips или
контактирајте со центарот за грижа за корисници.
Млазницата или целиот уред се
гасне за време на чистењето.
Моторот на уредот е оштетен. Однесете го уредот во сервисен центар на Philips или
контактирајте со центарот за грижа за корисници.
Четката-валјак е заглавена или
предмети се заглавени во каналот за
проток на воздух.
Проверете да не има заглавени предмети во
млазницата и каналот за проток на воздух и отстранете
каков било предмет што блокира. Повторно вклучете
го уредот.
Филтерот и циклонот се валкани. Испразнете ја корпата за прав. Исчистете го филтерот и
циклонот. Погрижете се филтерот да се мие најмалку
еднаш месечно (Сл. ) кога уредот се користи редовно.
Осигурете се дека сте ги отстраниле косата и
нечистотијата што се заглавени во циклонот.
Ако сте го провериле горенаведеното и уредот сѐ уште
не се функционира, однесете го кај овластен сервисен
центар на Philips или контактирајте со центарот за
грижа на корисници.
Прав излегува од уредот. Филтерот е валкан. Исчистете го филтерот. Исто така видете го водичот за
брзо започнување.
Нема филтер во уредот. Осигурете се дека филтерот е во уредот и дека е
склопен правилно.
Нешто го блокира циклонот. Проверете дали има заглавени предмети во циклонот и
отстранете ги предметите што го блокираат. Осигурете
се и дека сте ги отстраниле косата и нечистотијата што
се заглавени во циклонот.
Садот за прав не е прикачен правилно
на уредот.
Испразнете го садот за прав и прикачете го капакот на
садот за прав правилно на уредот.
Уредот бил ротиран или превртен кога
напојувањето било исклучено.
Држете го уредот исправено кога напојувањето е
исклучено.
Четката веќе не се врти. Четката е заглавена со коса или
нечистотија.
Исчистете ја четката со рака или со ножици. Исчистете
ги влакната помеѓу лагерите.
Четката може да престане да се врти
кога ќе наиде на преголем отпор.
Исклучете го уредот, а потоа повторно вклучете го.
Четката-валјак не е склопена правилно
во млазницата.
Следете ги упатствата во поглавјето за чистење за да ја
монтирате четката-валјак во млазницата правилно (Сл.
).
Моторизираната млазница е прегреана. Исклучете го уредот и почекајте 15 минути. Допрете го
горниот дел од куќиштето на млазницата за да
проверите дали е сѐ уште топла. Доколку млазницата е
сѐ уште топла, почекајте уште некое време додека не се
олади. Кога ќе се олади млазницата, обидете се
повторно да го вклучите уредот.
LED-светлата во млазницата не се
вклучуваат.
Млазницата не е правилно прикачена за
цевката или уредот.
Прикачете ја правилно млазницата на уредот односно
на рачниот уред.
Уредот не се полни. Приклучокот за напојување не е
правилно поврзано со уредот или
батеријата.
Осигурете се дека приклучокот за напојување е
поврзан правилно со уредот или батеријата и дека
адаптерот е вметнат правилно во ѕидниот штекер.
Приклучокот за напојување не е
поставен правилно на станицата за
полнење.
Осигурете се дека приклучокот е поставен правилно на
станицата за полнење. Проверете дали приклучокот е
поставен под агол и станицата за полнење го држи
приклучокот на место.
Се користи адаптер поинаков од
доставениот адаптер.
Осигурете се дека го користите испорачаниот адаптер.
Ако сте го провериле горенапишаното и уредот сѐ уште
не се полни, однесете го кај овластен сервисен центар
на Philips или контактирајте со центарот за грижа на
корисници.