CI+ не функционира.
• Вашиот телевизор од Samsung е во согласност со CI+ 1.4 стандардите.
• Каде што модулот CI+ Common Interface не е компатибилен со овој уред, тогаш отстранете го модулот
и обратете се кај CI+ операторот за помош.
Далечинскиот управувач не функционира.
• Проверете дали индикаторот за напојување на долната страна на телевизорот трепка кога ќе го
притиснете копчето за вклучување на далечинскиот управувач. Ако не трепка, заменете ги батериите
на далечинскиот управувач.
• Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата е поставен во точната насока.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од 1,5
~ 1,8 m.
Далечинскиот управувач на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник не го
вклучува и исклучува телевизорот или не ја прилагодува јачината на звукот.
• Програмирајте го далечинскиот управувач на кабелскиот приемник или сателитскиот приемник за
да го контролира телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот приемник или
сателитскиот приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
Поставките на телевизорот се губат по 5 минути.
• Телевизорот е во режимот Режим за малопродажба. Променете ја опцијата Режим на користење во
менито Општо во Домашен режим (
> Поставување > Општо > Управувач на системот > Режим на
користење > Домашен режим).
Прекини во Wi-Fi врската
• Проверете дали телевизорот е поврзан во мрежа ( > Поставување > Општо > Мрежа > Статус на
мрежата).
• Проверете дали точно сте ја впишале лозинката за Wi-Fi.
• Проверете го растојанието помеѓу телевизорот и модемот/рутерот. Растојанието не треба да
надминува 15,2 m.
• Намалете ги пречките на тој начин што нема да ги користите или ќе ги исклучите безжичните уреди.
Исто така, проверете дали има пречки помеѓу телевизорот и модемот/рутерот. (Јачината на Wi-Fi
сигналот можат да ја намалат уреди во домаќинството, безжични телефони, ѕидови од камен, камини
итн.)
Еден кат Повеќе ката
Безжичен рутер
Уред за зголемување на
безжичниот опсег
• Обратете се кај вашиот оператор на интернет услуги (ISP) и побарајте да ја ресетира вашата мрежа за
да овозможи повторна регистрација на Mac-адресата на вашиот нов модем/рутер и телевизорот.
Македонски - 15
Македонски