EasyManua.ls Logo

Samsung UE58J5200 - Page 227

Samsung UE58J5200
324 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски - 7
Македонски
Поврзување уреди на вашиот телевизор
Користејќи ги приклучоците кои се наоѓаат на задната страна на производот, можете да поврзувате разни
надворешни уреди. Разгледајте ги приклучоците, а потоа погледнете ги испорачаните инструкции за составување за
да дознаете повеќе информации за уредите кои се поддржани.
Поврзување со отворот COMMON INTERFACE
(отвор за картичка за гледање кај вашиот
телевизор)
- Исклучете го телевизорот за да поврзете или отстраните CI картичка или адаптер за CI картичка.
Користење на “CI или CI+ картичка”
За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете “CI или
CI+ картичка”.
- Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе се прикаже
пораката “Кодиран сигнал”.
- По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување кои
содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+ картичка”, Host
ID и други информации. Доколку се прикаже порака за грешка, ве
молиме обратете се до давателот на услугата.
- По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е
завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.
ЗАБЕЛЕШКА
- “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.
- При отстранување на “CI или CI+ картичката” влечете внимателно, бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне
може да ја оштетите.
- Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.
- Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да биде различна во зависност од моделот.
- “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони, па затоа консултирајте се со вашиот
овластен дистрибутер.
- Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
- Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават
изобличувања или ништо нема да се прикаже.
[UJ5200-XH]BN68-07681D-00L16.indb 7 2015-09-04 오후 3:40:55

Table of Contents

Related product manuals