3
Aуспухот и останатите делови од моторот
стануваат врели во текот на работата, не
допирајте ги.
Гарантирано ниво на звучна сила за овој уред
Oпасност од модринки и од повреди од острите
рабови; никогаш не допирајте ги острите места,
кога се движи ножот.
Уредот е во согласност со релевантните
безбедносни стандарди.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Oвој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под
надзор или инструкции кои се однесуваат за употреба на уредот – од страна на лица одговорни за
нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат, за да бидете сигурни дека не си играат со уредот.
1) Oбукa
- Внимателно прочитајте го упатството. Запознајте се со контролите и со правилната употреба
на уредот.
- Oвој производ конструиран е за употреба при косење на трева и никогаш не треба да се
користи за други цели.
- Никогаш не дозволувајте им на децата или на лицата кои не се запознаени со овие
инструкции да го користат уредот. Локалните прописи може да ја ограничат возраста на
ракувачот.
- Никогаш не смее да се користи додека се луѓето, а посебно децата или домашните миленици
во близина.
- Ракувачот или корисникот одговорни се за несреќните случаи и опасности кои ќе им се случат
на дуги лица или на нивниот имот.
- Моторот не смее да се покренува во затворен простор. Издувните гасови содржат штетен
јаглен-моноксид.
2) Подготовкa
- Кога косите, секогаш носете цврсти обувки и долги пантолони.
- Не работете со уредот ако сте боси или ако носите отворени сандали.