EasyManua.ls Logo

Villager MBC 33 E - Page 244

Villager MBC 33 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Villager
MBC 33 E (MK)
4
- Детално прегледајте го просторот во кој ќе се користи уредот и отстранете ги камењата,
стаповите, жиците, коските и останатите страни тела.
- Пред употреба, секогаш визуелно проверете ги ножевите, завртките на ножот и главата за
сечење, за да се осигурате дека не се истрошени или оштетени. Заменете ги истрошените или
оштетените ножеви и завртки во склопот за да обезбедите избалансираност.
- Кај уредите со повеќе ножеви, бидете внимателни, затоа што вртењето на еден нож може да
предизвика вртење и на останатите ножеви.
3) Работа
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветлување.
- Избегнувајте ракување со уредот на мокра трева, каде што е тоа изводливо.
- Секогаш имајте добар и безбеден став на нозете на падините.
- Одете, никогаш не трчајте.
- Секогаш кога го менувате правецот на падините, бидете посебно внимателни.
- Не косете на многу стрмни падини.
- Бидете посебно внимателни, кога одите наназад или кога го влечете уредот кон Вас.
- Никогаш не работете со уред кој има оштетен штитник или браник, или доколку му
недостасуваат сигурносни средства.
- Moторот вклучете го според инструкциите и со стапалата на соодветна одалеченост од
ножевите.
- Во овој случај моторот не смее да се искосува повеќе од што е потребно и подигнете го само
делот што е одалечен од ракувачот. Двете раце мора да бидат на своите работни положби
пред да го вратите уредот на земја.
- Рацете и стапалата не смеат да се ставаат во близина или под ротирачките делови.
- Уредот не смее никогаш да се подигнува или пренесува – додека работи моторот.
- Извадете го приклучокот од ѕидниот приклучок:
Секогаш кога го напуштате уредот.
Пред чистењето на блокадата.
Пред проверувањето, чистењето или работата на уредот.
По удар во страно тело. Прегледајте го уредот и проверете да нема некое оштетување и
поправете го - доколку е тоа неопходно.
- Доколку уредот почне необично да вибрира (веднаш проверете го).
4) Oдржување и складирање
- Oдржувајте ги сите сите навртки и завртки во затегната состојба за да бидете сигурни дека
уредот е во безбедна работна состојба.
- Често проверувајте го собирачот за трева за да утврдите дали дошло до појава на дефект или
оштетување.
- За ваша безбедност, заменете ги истрошените или оштетени делови.
- Кај ротирачките косилки, погрижете се да се користат само правилни средства за замена на
секачот.
- Опремата никогаш не смее да се складира во просторија, доколку има бензин во резервоарот,
каде што испарувањата може да дојдат во контакт со отворен пламен или искра.
- Почекајте моторот да се излади, пред да го складирате во затворен простор;