2
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Пред употреба прегледајте го уредот. Заменете ги сите делови кои
недостасуваат или се неисправни.
Проверете дали има истекување на горивото. Бидете сигурни дека сите
елементи за прицврстување се на своето место. Заменете ги деловите што
се напукнати, истрошени или оштетени на било кој начин. Не работете со
овој уред доколку се деловите разлабавени или оштетени.
Внимателно прегледајте го просторот каде што ќе работите пред да
почнете да работите со уредот. Отстранете ги сите отпадоци и тврди или
остри предмети, како што се стакло, жици итн.
Бидете свесни за ризикот од повредување на глава, раце или стапала.
Од работниот простор отстранете ги децата, набљудувачите и домашните
миленици. Децата, набљудувачите и домашните миленици треба да бидат
на растојание од 15m во радиус. Сепак постои ризик по набљудувачите од
отфрлените предмети. Набљудувачите треба да носат заштита за очи.
Доколку Ви се доближат – веднаш исклучете го уредот.
Користете само оригинална опрема од производителот при замена на
деловите.
Притиснете ја командата за гас и проверете дали се враќа автоматски во
позицијата на празен од. Сите подесувања или поправки – извршете ги
пред употребата на уредот.
Не работете со овој уред кога сте заморени, болни или ако сте под
влијание на алкохол, дрога или на некои лекови.
Oвој уред наменет е само за употреба на возрасни лица. Не дозволувајте
им на децата или на необучените лица да го користат уредот.
Запознајте се со командите и со пропишаната употреба на Вашиот уред –
пред да почнете со користењето.
ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
Уредот никогаш не смее да се стартува или пак со него да се работи во
затворена просторија или во зграда. Вдишувањето на издувните гасови
може да биде смртоносно. Со овој уред работете само во добро проветрен
надворешен простор.
Уредот да се користи само на дневна светлина или во услови на добро
вештачко осветлување.
Избегнувајте ненамерно (случајно) стартување. Бидете во стартната
позиција секогаш кога го повлекувате стартното јаже. Ракувачот и уредот
мора да бидат во стабилна позиција во текот на стартувањето.