18
ЧИСТЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
ЧИСТЕЊE
Користете мала, мека четка – за да го исчистите надворешниот дел на
уредот. Не користете јаки детергенти. Средствата за чистење во
домаќинството кои содржат ароматични масла како што се бор или лимон
и растворите како што се керозин – може да ги оштетат пластичното
куќиште или држачот за раце. Накрај избришете го уредот со мека крпа.
Испразнете ја вреќата. Превртете ја од внатре нанадвор и истресете ги
преостанатите отпадоци. Рачно исперете ја празната вреќа на
правосмукалката еднаш годишно со сапуница и оставете ја да се исуши на
воздух.
СКЛАДИРАЊE
Никогаш не складирајте го уредот со гориво во резервоарот.
Почекајте моторот добро да се излади – пред складирањето.
Заклучете го уредот за да спречите неовластена употреба или оштетувањe.
Складирајте го уредот на суво место – со добра вентилација.
Складирајте го уредот на места недостапни за деца.
ДОЛГОТРАЈНО СКЛАДИРАЊЕ (ВО ЗИМА)
Доколку уредот треба да се складира на подолг временски период, применете
ја следната процедура за складирање:
1. Испразнете го горивото од резервоарот за гориво. Не складирајте ја
мешавината подолго од 60 дена.
2. Стартувајте го моторот и дозволете му да работи додека не се исклучи. Тоа
обезбедува целото гориво да се испразни од карбураторот.
3. Почекајте да се излади моторот.
4. Детално исчистете го уредот и прегледајте дали има разлабавени или
оштетени делови. Поправете ги или заменете ги оштетените делови и
затегнете ги разлабавените завртки, навртки или машински завртки. Уредот е
подготвен за складирање.
TРАНСПОРТИРАЊE
Почекајте моторот да се излади – пред транспортирањето.
Заштитете го уредот за време на транспортот.
Пред транспортирањето затегнете го капакот на резервоарот за гориво.