Индикатор
РЕЖИМ НА РАБОТА: Со притискање на копчето
MODE се прикажува режимот на работа – автоматски, ладење,
греење (не постои кај моделите само за ладење) и
вентилациски режим на работа.
Индикатор
ЗАКЛУЧУВАЊЕ: Овој симбол се појавува кога се
притиска копчето LOCK, а се губи кога повторно ќе го
притиснете.
Индикатор
ПРИКАЗ НА ТАЈМЕР: Овој дел од екранот ги
прикажува подесувањата на тајмерот. Доколку е прикажано
само времето на вклучување, тогаш се прикажува TIMER ON.
Доколку е прикажано само времето на исклучување, тогаш се
прикажува TIMER OFF. Доколку е прикажано времето на
вклучување и исклучување, тогаш се прикажува TIMER
ON/OFF.
Индикатор
БРЗИНА НА ВЕНТИЛАТОР: Притиснете го
копчето FAN SPEED за да ја подесите саканата брзина на
вентилаторот (автоматска – ниска – средна – висока). Вашиот
избор ќе биде прикажан на LCD екранот, освен автоматската
брина на вентилаторот.
НАПОМЕНА: Сите прикажани знаци на сл. 2 имаат за цел
јасно предочување. За време на работниот режим
само одредени симболи ќе бидат прикажани на
екранот.
Користење на дал. управувач
Ставање/замена на батерии
Далечинскиот управувач користи две алкални суви батерии
(LR03X2).
1. За да ги ставите батериите, тргнете го капакот кој го покрива
делот за батериите од задната страна и ставете ги батериите
согласно поларитетот (+ и -) прикажан на далечинскиот
управувач.
2. За замена на потрошените батерии направете ги горенаведените
чекори.
Напомена
1. При замена на батериите не користите стари или различни батерии.
Тоа може да предизвика неисправност на далачинскиот управувач.
2. Отстранете ги батериите ако не планирате да го користите
далечинскиот управувач. Во спротивно испарувањето од батериите
може да предизвика неисправност на далачинскиот управувач.
3. Просечниот век на батериите е околу 6 месеци.
4. Заменете ги батериите доколку потврдниот сигнал на внатрешната
единица престане да се појавува или доколку индикаторот на
сигнализирање престане да свети.