УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
Местење на насоката на текот на воздухот
• Правилно наместете го протокот на воздух, во
спротивно може да дојде до нелагодност или
неизедначена собна температура.
●
Хоризонталната лопатка наместете ја со
помош на далечинскиот управувач.
• Вертикалната лопатка наместете ја рачно.
Местење на вертикално насочување на
текот на воздухот (горе-долу)
Опсег
Проток горе/долу
Ова направете го за време на работа на
уредот. Насоката на текот на взодухот
наместете ја со помош на далечинскиот
управувач. Лопатката со секое притискање се
поместува за агол од 6° или може да се
намести автоматско движење горе-долу. за
детали, Ве миолиме видете во „УПАТСТВОТО
ЗА УПОТРЕБА НА ДАЛЕЧИНСКИОТ
УПРАВУВАЧ“.
Вертикална
лопатка
Местење на хоризонтално насочување на
текот на воздухот (лево-десно)
Рачно наместете ја вертикалната лопатка со
помош на лостот на левата или десната страна
на лопатката (зависи од моделот). Внимавајте
да не ги фатите прстите со вентилаторот, или
да не ја оштетите вертикалната лопатка. Кога
клима уредот работи и хоризонталната лопатка
се наоѓа во определена положба, наместете ја
лопатката од левата страна (или од десната,
зависи од моделот) на излезот за взодух во
саканата положба.
Опсег
Проток лево/десно
ВНИМАНИЕ
• Копчето DIRECTION / SWING е нефункционално кога клима
уредот не работи (како и кога е наместен тајмерот).
• Не го оставајте клима уредот долго да работи со текот на
воздухот насочен надолу при ладење или сушење. Во спротивно,
на површината на хоризонталната лопатка може да се
кондензира водена пареа и да капе на подот или по мебелот.
• Хоризонталната лопатка не ја местете рачно. Секогаш користете
го копчето DIRECTION / SWING. Доколку рачно ја поместите оваа
лопатка, може да се расипе при работата. Доколку се расипе,
исклучете го уредот и повторно вклучете го.
• Доколку го вклучите клима уредот веднаш по исклучувањето,
хоризонталната лопатка може да не се ниша приближно 10 сек.
• Аголот на отворот на хоризонталната лопатка не смее да
биде премногу мал, бидејќи функциите на ладење и греење
може да бидат ослабени од премногу ограничениот проток на
воздухот.
• Не го користете клима уредот со затворена хоризонтална
лопатка.
• Кога првпат го вклучувате клима уредот во струја,
хоризонталната лопатка може да испушта звук 10 секунди,
што е нормално.