EasyManua.ls Logo

Bosch 0603207200 - Page 223

Bosch 0603207200
288 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 223
Bosch Power Tools 1 609 92A 1KX | (24.5.16)
По секоја употреба, темелно исчистете ги
поединечните делови на системот за фино прскање,
особено компонентите што спроведуваат боја.
Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и
безбедна работа на пиштолите за прскање. При
недостиг или нестручно чистење нема да се презема
право на гаранција.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење (види слика M)
Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за
прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување (раствор или вода) за користениот
материјал за прскање.
Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за возду
х на
пиштолот за прскање со остри предмети.
Исклучете ја основната единица 22.
Од основната единица 22 како и од пиштолот за
прскање 1 извадете го цревото за вентилација 20 (со
четвртина вртење на бајонет-завртката 21 во правец
спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја
бајонет-завртката 21 од приклучокот 9/26).
Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со
крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ги настрана основната единица 22 и цревото за
вентилација 20 од непосредното место на чистење.
Притиснете го контролниот прекинувач 5 на пиштолот
за прскање, за да може матери
јалот за прскање да се
врати во резервоарот.
Отшрафете го резервоарот 7 и испразнете го
преостанатиот материјал за прскање назад во
амбалажата со оригинален материјал за прскање.
Наполнете го резервоарот 7 до половината со средство
за разредување (раствор или вода) и повторно
прицврстете го на пиштолот за прскање 1.
Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
Отшрафете го резервоарот 7 и целосно испразнете го
во празна лименка.
Демонтирајте ја преклопната навртка 3, капачето за
вентилација 2, искористеното капаче со млазница
10/11/12и цевката за вшмукување 17 со дихтунгот за
резервоарот 16.
Во една коф
а со средство за разредување исчистете ги
сите делови што спроведуваат боја со една четка за
чистење 28 или вообичаена четка за миење.
Исчистете го и каналот за боја 19 на пиштолот за
прскање 1.
Проверете дали во цевката за вшмукување 17 со
дихтунгот на резервоарот 16 има материјал за прскање
и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот 16
уште еднаш со средство за разредување.
Исчистете го отворот за проветрување 18 со четка за
чистење 28.
Исчистете го резервоарот и пиштолот за прскање
однадвор со крпа натопена во средство за
разредување.
По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење 13
со средство за разредување.
Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се
исушат.
Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот 16 притиснете го нагоре во
жлебот на цевката за вшмукување 17.
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
вшмукување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за вшмукување 17 ставете ја повторно до крај
во каналот за боја 19.
Чистење на филтерот за воздух (види слика N)
Филтерот за воздух 30
мора да се исчисти повремено.
Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се
замени.
Отворете го поклопецот за филтерот за воздух 29.
Извадете го филтерот за воздух 30.
Лесна нечистотија:
Тропнете со филтерот за воздух 30.
или
Јака нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух 30 под истечна вода и
оставете го добро да се исуши, за да го избегнете
создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух 30.
Повторно ставете го филтерот за воздух.
Повторно затворете го поклопецот за филтерот за
воздух 29.
Депонирање на материјалот
Средствата за разредување и остатоците од материјал за
прскање мора да се отстранат на еколошки начин.
Внимавајте на упатствата на производителот за
депонирање и месните прописи за посебно депонирање
на отпадот.
Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на
земјата, во подземни води или во површински води.
Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте
во канализација!
OBJ_BUCH-2026-005.book Page 223 Tuesday, May 24, 2016 1:38 PM

Related product manuals