EasyManua.ls Logo

Bosch ART 23-18 LI+ - Page 201

Bosch ART 23-18 LI+
260 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 201
Bosch Power Tools F 016 L81 061 | (27.2.15)
Кога не ја користите батеријата,
чувајте ја понастрана од парички,
спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални
предмети што можат да направат
спој од едниот до другиот пол.
Краток спој меѓу двата пола може
да предизвика пожар или
изгореници.
При погрешно користење, може
да истече течноста од батеријата.
Избегнувајте контакт со неа.
Доколку случајно дојдете во
контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста
дојде во контакт со очите,
побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата
може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од
топлина, на пр. од трајно
изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои
опасност од експлозија.
Не предизвикувајте краток спој
на батеријата. Инаку, постои
опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата
или не се користи правилно, од
неа може да излезе пареа.
Внесете свеж воздух и доколку
има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги
надразни дишните патишта.
Заштитете ја батеријата од влага и
вода.
Складирајте ја батеријата во
граници на температура од –20 °C
до 50 °C. не ја оставајте батеријата
на пр. во автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за
проветрување на батеријата со
мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите
безбедносни
предупредувања и
упатства. Непочитувањето на
безбедносните предупредувања и
упатства може да доведе до
електричен удар, пожар и/или
сериозни повреди.
Чувајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства за
идни консултации.
Полначот држете го
подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во
полначот го зголемува ризикот од
електричен удар.
Не полнете други батерии.
Полачот е наменет само за Бош
литиум-јонски батерии со волтажа
опишана во техничките
карактеристики. Во спротивно,
постои ризик од пожар и од
експлозија.
Одржувајте ја чистотата на
полначот. Доколку се извалка,
постои опасност од електричен
удар.
Пред секое користење,
проверете го полначот, кабелот и
приклучокот. Не го користете
полначот, доколку приметите
оштетувања. Не го отворајте
OBJ_BUCH-1981-003.book Page 201 Friday, February 27, 2015 8:13 AM

Related product manuals