Македонски | 205
Bosch Power Tools F 016 L81 061 | (27.2.15)
Вклучување
За Ваша безбедност
Внимание: Ако машината забавува, исклучете ја и
наполнете ја батеријата.
По исклучувањето на безжичниот тример сечилото
продолжува да врти уште неколку секунди.
Почекајте моторот и сечилото потполно да
престанат со работа пред повторно да го вклучите
тримерот.
Немојте брзо наизменично да го вклучувате и
исклучувате тримерот.
Се препорачува употребата на елементи за
сечилото одобрени од страна на Бош. При употреба
на други елементи косењето може да се разликува.
Полнење на батеријата
Не употребувајте друг полнач. Приложениот полнач е
наменет за литиум-јонската батерија што се наоѓа во
оваа косачка.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна косачката престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: сечилата не се вртат.
Не притискајте го копчето за
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Индикатор за батеријата
Ако прекинувачот е притиснат, а индикаторот за
батеријата на рачката од производот трепка три пати, тој
означува слаба батерија. Во тој случај извадете ја
батеријата и наполнете ја.
Процес на полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата е вметната во него.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Напомена: Полнењето е можно само ако температурата
на батеријата е во границите на дозволената температура,
види ги «Техничките податоци».
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Процесот на брзо полнење се
сигнализира со трепкање на приказот за
полнење на батеријата .
Трајно светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Трајно светло на приказот за
наполнетост на батеријата
сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета или дека
температурата на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење и затоа не може да се
наполни. Што се постигне дозволената граница на
температура, батеријата е наполнета.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на
приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната дозна
и полначот е подготвен за работа.
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Вклучување/исклучување
9 259
Совети за работа
Прилагодување на работната
висина
10 259
Одржување, чистење и чување
11 259
Бирање на опрема
12 260
Цел на користењето Слика Страна
OBJ_BUCH-1981-003.book Page 205 Friday, February 27, 2015 8:13 AM