Македонски | 247
– за чистење или поправка
– пред складирање на тримерот
u Чувајте го уредот на суво и
затворено место, вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети
на производот.
Електрична безбедност
u Згаснете го уредот и исклучете
го од напојување пред да го
користите копчето за рачно
дополнување на конецот. Оваа
функција треба да се користи
само при заглавување на
конецот за сечење.
Предупредување! Пред
секое одржување или
чистење на производот,
згаснете го и исклучете го од
напојување. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и
не му е потребно заземјување.
Работниот напон е 230VAC, 50Hz
(за земји вон ЕУ 220V или 240V).
Употребувајте само одобрени
продолжни кабли. За подетални
информации обратете се во Вашиот
Бош сервис.
За подобра безбедност користете
резидуален уред (РЦД) кој се
активира на отстапување од 30mA.
Резидуалниот уред треба да се
проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот
кабел понастрана од подвижните
делови, за да се избегне оштетување
на кабелот и негов контакт со
металните делови.
Кабелските врски (приклучник и
приклучница) треба да бидат суви и
да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел
мора редовно да се проверуваат за
евентуални оштетувања и да се
користат само кога се во
беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора
да се поправи од страна на овластен
сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли,
кабел, водови за жици и макари со
кабли што се во согласност со EN
61242 / IEC 61242 или IEC
60884-2-7 и се од типот H05VVV-F
или H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен
кабел при употреба на уредот,
потребни ви се следните димензии
на кабли:
– Пресек 1,25mm
2
или 1,5mm
2
– Максимална должина 30m за
продолжниот кабел или 60m за
кабел на навој со ФИ-заштитна
склопка
Совет: Ако користите продолжен
кабел, тој мора да биде заземјен
преку напојната мрежа, во склад со
важечките прописи.
За дополнителни информации
контактирајте лиценциран
Bosch Power Tools F 016 L94 055 | (20.02.2020)