EasyManua.ls Logo

Bosch Atino - Page 240

Bosch Atino
334 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
240 | Македонски
Подлога за прицврстување со
Гелна подлошка Подлошка со клинови
(Керамички) плочки Тапет (рапава површина, хартија и
неткаен материјал)
Мазна дрвена површина Малтерисани површини (грубост 2mm)
Природен камен, мермер, бетон
Мазни лакирани површини (зависно од
староста и состојбата на подлогата)
За менување на подлошките свртете го држачот за гелната подлошка(13) во насока
спротивна на стрелките на часовникот и извадете ги гелната подлошка(14) и
држачот од мерниот уред. Поставете ја подлошката со клинови(7) и свртете ја во
насока на стрелките на часовникот до крај. Продолжете соодветно за да промените
од подлошка со клинови во гелна подлошка.
Прицврстување со гелна подлошка
Предуслови:
Подлогата мора да биде сува и цврста.
Лепливоста на гелната подлошка не е загарантирана на влажни површини,
површини полни со прав, со остри рабови или на силно структурирани површини.
Доколку мерниот уред е прицврстен на такви несоодветни површини, тој може да
испадне и да биде оштетен одн. да ја оштети подлогата.
Доколку гелната подлошка е извалкана или не лепи на мазни површини, мора да се
исчисти одн. да се замени (види „Чистење на гелна подлошка“, Страница244).
Пред секоја употреба, тестирајте на незабележително и ниско место дали гелната
подлошка може да се залепи на саканата површина и дали може да се отстрани без
да се оштети подлогата.
Секогаш отстранувајте го мерниот уред кога ќе завршите со мерењето или кога
подлогата се обработува (на пр. со дупчење, зацврстување или чукање).
Поставување мерен уред на подлога:
Свртете го заштитното капаче(15) на гелната подлошка во насока спротивна на
стрелките на часовникот и извадете го. Пред првата употреба, отстранете ја
заштитната фолија од гелната подлошка.
Лесно притиснете го мерниот уред на саканата површина сѐ додека не се држи
сигурно. Доколку многу јако притиснете, мерниот уред може да се оштети.
Доколку ласерската линија поминува на одредена висина на ѕидот, обележете ја
претходно оваа висинa. Поставете го мерниот уред на ѕидот така што обележаната
ознака на ѕидот се наоѓа во средината на помошта за ознаки(1) на мерниот уред.
1 609 92A 55E | (12.05.2020) Bosch Power Tools

Other manuals for Bosch Atino

Related product manuals