242 | Македонски
тежок пад или удар. Споредете ги ласерската линија за контрола со познатата
хоризонтална или вертикална референтна линија.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете кратко на копчето за вклучување/
исклучување(2). Светлечкиот прстен(3) трепка трипати зелено ако батеријата има
доволен капацитет и трипати жолто ако батеријата е слаба.
Ако мерниот уред е во приближно вертикална положба, тогаш тој веднаш по
вклучувањето испраќа ласерска линија надвор од излезниот отвор(4).
u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете кратко на копчето за
вклучување/исклучување(2).
u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку околу15min не се притисне ниедно копче на мерниот уред и куќиштето не
се врти, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите.
Нивелирање на ласерска линија (видисликаC)
Ласерската линија се вклучува само кога мерниот уред е навален максимум 10°
нанапред или наназад.
Ласерската линија може да се нивелира хоризонтално надесно (90°) одн. лево
(270°) или вертикално нагоре (0°) одн. надолу (180°).
Состојбата на нивелирање е прикажана со светлечкиот прстен(3):
Светлечки
прстен
Нивелирање
црвено Ласерската линија не е ниту хоризонтална ниту вертикална.
Свртете го куќиштето на мерниот уред во насока на саканата
хоризонтала или вертикала.
жолто
(само еден
светлечки
полупрстен)
Ласерската линија е близу до хоризонтала или вертикала. За
добро поставување, свртете го куќиштето во насока на
светлечкиот полупрстен.
зелено Ласерската линија е нивелирана хоризонтално или вертикално.
По успешно нивелирање, не заборавајте внимателно да го пуштите куќиштето без
да го свртите.
1 609 92A 55E | (12.05.2020) Bosch Power Tools