Македонски | 155
Убодна пила GST 90 E GST 90 BE
Класа на заштита
/ II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
GST 90 E GST 90 BE
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A, типично изнесува:
Звучен притисок dB(A)
86 84
Звучна јачина dB(A)
97 95
НесигурностK dB
5 5
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пилаT144DF:
a
h,B
m/s
2
8,5 4,5
K m/s
2
1,5 1,5
Сечење на метален лим со сечило за пилаT118A:
a
h,M
m/s
2
8,5 6,5
K m/s
2
1,5 1,5
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
u При ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (видисликаA)
u Исчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Притиснете го SDS-лостот(8) нанапред до крај и држете
го притиснато. Вметнете го сечилото за пила(10) со
запците во правец на резот, додека не се вклопи во
прифатот за сечило за пила (13).
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (9).
Bosch Power Tools 1 609 92A 4V4 | (23.04.2019)