EasyManua.ls Logo

Bosch GWS 24-230 JVX - Page 219

Bosch GWS 24-230 JVX
299 pages
Go to English
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
220 | Македонски
1 609 92A 0B2 | (1.8.13) Bosch Power Tools
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е
исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во
употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнува
ње, одржувајте ја топлината
на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
20.06.2013
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење“.
Заштитна хауба за брусење
Отворете го затезниот лост 8. Поставете ја заштитната
хауба 6 со кодираните запци 7 во кодираниот жлеб на
грлото на вретеното додека венецот на заштитната хауба
не легне на прирабницата на електричниот апарат и
завртете ја заштитната хауба 6 во саканата позиција.
Затворете го затезниот лост 8.
Поставете ја заштитната хауба 6 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Може да ја промените затезната сила на затворачот на
заштитната х
ауба 6 со олабавување или затегање на
шрафот за подесување 9. Внимавајте на стабилното
лежиште на заштитната хауба 6 и редовно контролирајте
го.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 6
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
15.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 15 се монтира како заштитна
хауба 6 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната х
ауба за сечење со лизгачки водилки 22 се
монтира како заштитна хауба за брусење 6.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 4.
Зашрафете ја дополнителната дршка 4 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е
оштетен елементот за придушување.
Заштита за дланките
При работа со гумен диск 18 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 17.
Зацврстете ја заштитата за дланки 17 со дополнителната
дршка 4.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-769-008.book Page 220 Thursday, August 1, 2013 9:59 AM

Related product manuals