EasyManua.ls Logo

Bosch PFS 5000 E - Page 251

Bosch PFS 5000 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 251
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
u По секоја употреба, веднаш темелно исчистете ги
поединечните делови на системот за фино
прскање, особено компонентите што спроведуваат
боја. Правилното чистење е предуслов за
беспрекорна и безбедна работа на пиштолите за
прскање. При недостиг или нестручно чистење не
важи правото на гаранција.
Чистење по употреба на бои базирани на вода (види
сликаM)
Секогаш чистете ги пиштолот за прскање и садот за
материјал за прскање со млака вода.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
Исклучете ја основната единица(22) и извадете го
цревото за воздух(20) од пиштолот за прскање(1).
Олабавете го садот(7) од пиштолот за прскање(1).
Држете го садот(7) под вертикалната цевка(17) и
притиснете го контролниот прекинувач(5) на
пиштолот за прскање, за да може да се врати
материјалот за прскање назад во садот.
Целосно испразнете го садот(7).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад(8) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
Исчистете го садот(7).
Демонтирајте ја вертикалната цевка(17) со дихтунг за
садот(16) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка(17) со
дихтунг за садот(16) на пиштолот за прскање.
Наполнете го садот(7) со топла вода и повторно
прицврстете го на пиштолот за прскање(1).
Повторно приклучете го цревото за воздух(20) на
пиштолот за прскање(1).
Прскајте додека не излезе само чиста вода.
Евентуално повторно наполнете го садот со топла
вода.
Извадете го цревото за воздух(20) и од основната
единица(22) и од пиштолот за прскање(1).
Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со влажна крпа, потоа тргнете ги настрана основната
единица(22) и цревото за воздух(20) од
непосредното место на чистење.
Демонтирајте ја преклопната навртка(3), капачето за
вентилација(2), искористеното капаче со
млазница(10)/(11)/(12) и цевката за
вшмукување(17) со дихтунгот за резервоарот(16).
Во една кофа со топла вода исчистете ги сите делови
што спроведуваат боја со четка за чистење(28) или
вообичаена четка за миење. Исчистете го и каналот за
боја(19) на пиштолот за прскање(1).
Проверете дали во цевката за всисување(17) со
дихтунгот на резервоарот(16) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
Исчистете го отворот за проветрување(18) со четка за
чистење(28).
По потреба, темелно исчистете го ситото за
полнење(13) темелно со топла вода.
Исчистете го резервоарот(7) и пиштолот за
прскање(1) однадвор со влажна крпа.
Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот(16) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување(17).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување(17) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја(19).
Чистење по употреба на бои базирани на растворувач
(види сликаM)
Пиштолите за прскање и садот за материјалот за прскање
секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување за користениот материјал за прскање.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
При чистење со разредувачи и бои со разредувачи
носете соодветни ракавици.
Исклучете ја основната единица(22) и извадете го
цревото за воздух(20) од пиштолот за прскање(1).
Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ја настрана основната единица(22) и цревото
за воздух(20) од непосредното место на чистење.
Олабавете го садот(7) од пиштолот за прскање(1).
Држете го садот(7) под вертикалната цевка(17) и
притиснете го контролниот прекинувач(5) на
пиштолот за прскање, за да може да се врати
материјалот за прскање назад во садот.
Целосно испразнете го садот(7).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад(8) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
Исчистете го садот(7).
Демонтирајте ја вертикалната цевка(17) со дихтунг за
садот(16) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка(17) со
дихтунг за садот(16) на пиштолот за прскање.
Bosch Power Tools 1 609 92A 686 | (17.06.2021)

Related product manuals