EasyManua.ls Logo

Bosch Professional GSH 3 E - Page 92

Bosch Professional GSH 3 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
92 | Македонски
1 609 92A 2BH | (22.8.16) Bosch Power Tools
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Капак за заштита од прав
2 Чаура за заклучување
3 Прстен за подесување на длетото (Vario-Lock)
4 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-6.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично
изнесува: ниво на звучен притисок 90 dB(A); ниво на
звучна јачина 101 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-6: Длетување: a
h
=17,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 6.
Дополнителната дршка 6 може да ја вртите по желба, за да
си овозможите безбедна и неуморна работа.
Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 6
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 6 во саканата
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 6 во правец на стрелките од
часовникот.
Замена на алатот
Со SDS-plus-прифатот за алат можете едноставно и лесно
без користење на дополнителни алати да го замените
алатот што се вметнува.
Капакот за заштита од прав 1 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 1 е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
–Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
–Турнете ја чаурата за заклучување 2 наназад и извадете
ја запчестата глава за дупчење.
Ударен чекан GSH 3 E
Број на дел/артикл
0 611 320 7..
Номинална јачина
W650
Број на удари
min
-1
0–3500
Јачина на поединечен удар
согласно
EPTA-Procedure 05/2009
J2,6
Позиции на длетото
12
Јачина на длетување во
бетон со средна цврстина
кг/ч 31
Прифат на алатот
SDS-plus
Подмачкување
Подмачкување со
масло
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
кг 3,5
Класа на заштита
/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-715-004.book Page 92 Monday, August 22, 2016 12:47 PM

Related product manuals