EasyManua.ls Logo

Bosch TR4000 - Page 21

Bosch TR4000
36 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Чистење
21
TR4000 – 6 720 876 041 (2018/04)
2.1.1 Работен елемент
1Приказ на статусот
2.2 Работа со апаратот
2.2.1 Вклучување и исклучување на апаратот
Проточниот бојлер се вклучува и ја загрева водата кога е отворена
славината за топла вода. Тој повторно се исклучува кога е затворена
славината за вода.
Фабричкото нагодување за излезна температура на топлата вода е
55°С.
Забелешка: Електронската контролна единица ги детектира
влезната температура на водата и брзината на протокот и автоматски
ја приспособува потрошувачката на електрична енергија за да се
добие нагодената излезна температура на водата (до граничната
вредност на енергијата).
Зголемување на температурата на водата
Ако температурата на доводната вода е ниска, а брзината на
протокот е голема, тогаш може да се случи да не се добие излезна
вода со нагодената температура поради тоа што е пречекорена
граничната вредност на енергијата. Ова се сигнализира со брзо
трепкање на приказот на статусот.
Ако се случи ова, затворете ја малку славината за топла вода.
2.2.2 Приказ на статусот
2.2.3 Стартување по прекин на електричната енергија
Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете водата да
тече додека не се загрее.
2.2.4 Користење на апаратот по исклучување на доводот на
вода
Исклучете го апаратот (отшрафете го осигурувачот во кутијата со
осигурувачи).
Отворете ја славината за топла вода и држете ја отворена додека
воздухот целосно не излезе од цевката за вода.
Повторно вклучете го осигурувачот.
Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете водата да
тече барем една минута.
Дури потоа (од безбедносни причини) апаратот ќе почне да грее.
Сега апаратот е подготвен за работа.
2.2.5 Работа во зима
Забелешка: Во зима е можно доводната температура на водата да
биде намалена, а бараната излезна температура да не може да се
постигне.
Намалете го протокот на вода во славината додека не се постигне
саканата температура.
3 Чистење
Бришете го апаратот само со влажна крпа.
Не користете кисели или груби материјали за чистење
Не користете чистач на пареа.
4 Сервисна служба
Секогаш на BOSCH доставете му го серискиот број (SNR/TTNR) на
вашиот апарат кога се јавувате кај инженерот во сервисната служба.
Броевите ќе ги најдете на натписната плочка на внатрешната страна
на предниот капак.
Информациите за контакт во вашата држава може да се најдат на
последните страници на ова упатство.
5 Еколошко исфрлање
Фрлете го уредот на еколошки начин.
Подлежи на промени без претходно известување.
ЛЕД-сијаличка Статус на апаратот
Off (исклучено) Off
Сијаличката свети
зелено
On (вклучено)
Трепка зелено
(1 секунда)
Нагодената температура не е постигната;
брзината на протокот на водата е премногу
голема за класата на апаратот (апаратот ја
достигнал граничната вредност на
енергијата). Видете „Проблем, што да
направите?“
Светка зелено
(2 секунди)
Фаза на измивање со ладна вода
Трепка црвено Видете „Проблем, што да направите?“
Овој уред е означен во согласност со Европската
директива 2012/19/EU – се однесува на користенa
електричнa и електронскa oprema (waste electrical and
electronic equipment – WEEE).
Упатството ја одредува постапката за враќање и за
рециклирање на користени електрични и електронски
уреди според примената низ ЕУ.
Ве молиме, информирајте се кај вашиот продавач за
актуелните локации за отпад.

Other manuals for Bosch TR4000

Related product manuals