216 | Македонски
– Притиснете на копчето за отклучување(1) и извадете го контејнерот за прав(8)
од куќиштето на моторот(7).
– Истресете го контејнерот за прав(8) над соодветен сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го филтерот(види „Чистење на филтерот (види
сликиD1–D5)“, Страница216).
– Поставете го контејнерот за прав (8) под куќиштето на моторот (7) и затворете го
со ротационо движење, додека не слушнете да се вклопи.
Чистење на филтерот (види сликиD1–D5)
Филтерот за фина прав(15) не смее да се чисти влажен.
– Држете го всисувачот малку навален надолу, за да не испадне правта од
контејнерот за прав при отворање на всисувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување(1) и извадете го контејнерот за прав(8)
од куќиштето на моторот(7).
– Исчеткајте го филтерот за груба нечистотија(14).
– Свртете ги единицата на филтерот (филтер за груба нечистотија(14) и филтерот
за фина прав(15)) до крај во правец на вртење „Бравата е отклучена“ и извадете
ги од куќиштето на моторот.
– Повлечете го филтерот за фина прав(15) за иглата за вадење(16) од филтерот
за груба нечистотија (14).
– Внимателно потчукнете го филтерот за фина прав(15) над соодветен сад за
отпад. По потреба исчеткајте ги ламелите на филтерот за фина прав со мека
четка.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Дефекти
При недоволна јачина на всисување проверете:
– Дали контејнерот за прав(8) е полн?
▷ (види „Чистење на контејнерот за прав (види слики C1–C2)“, Страница215)
– Дали филтрите((14), (15)) се затнати со прав?
▷ (види „Чистење на филтерот (види сликиD1–D5)“, Страница216)
– Дали наполнетоста на батеријата (3) е премногу мала?
▷ (види „Полнење на батеријата (види сликаA)“, Страница213)
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат
оптимален перформанс на всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го
всисувачот во сервисната служба.
1 609 92A 4G2 | (19.12.2018) Bosch Power Tools