EasyManuals Logo

CYBEX PLATINUM ANORIS T2 i-SIZE User Manual

CYBEX PLATINUM ANORIS T2 i-SIZE
Go to English
184 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #136 background imageLoading...
Page #136 background image
132
СЕРТИФИКАЦИЈА
Anoris T2 i-Size
ОН R129/03
Возраст: 15+ мес.
Големина: 76 – 125 см
Тежина: до 21 кг
Ви благодариме што одлучивте да го купите Anoris T2 i-Size при изборот на
седиште за автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го монтирате
седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака за идно
користење.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Без одобрение на органот за Типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го
користите детското седиште како што е опишано во ова упатство
за употреба.
Не користете го седиштето за автомобил пред детето да биде на возраст
од 15 месеци и да достигне должина од 76 см. Не користете повеќе
доколку е надмината максималната тежина на детето од 21 kg или висина
од 125 cm.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на возило
што се одобрени за користење со системи за врзување деца во согласност
со прирачникот на возилото.
Не користете други носечки контактни точки освен оние опишани во
упатството за корисник и означени на седиштето на возилото за да го
прицврстите седиштето за автомобил.
Пред секое патување треба да проверите дали е штитникот правилно
затегнат и дали е добро прицврстен на телото на детето. Каишите никогаш
не смее да се превиткуваат!
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди на
детето максимална заштита и удобност.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и прицврстено
правилно во возилото, дури и кога не се употребува.
Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот
на возилото. Ако возилото има прегради за складирање во просторот за
нозе, треба да контактирате со производителот на возилото за да бидете
сигурни дека подот на возилото може да ја поддржи потпорната ногалка.
Не ставајте никакви предмети во просторот за нозе пред
детското седиште.
Со цел седиштето за автомобил да овозможува најдобра можна заштита,
секогаш треба да ја употребувате линеарната странична заштита од удари
(L.S.P.) на страната на вратата.
Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за
користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во
отворена позиција.
Линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) што е завртена кон
внатрешноста на возилото мора да биде затворена ако седиштето за
автомобил се употребува на предното патничко седиште или ако друго
лице седи на задното седиште на возилото.
Никогаш не обидувајте се да го расклопите седиштето сами, дури и
кога планирате да го отстраните во отпад. Строго препорачуваме да
не отстранувате фиксни делови, како што е штитникот. Почитувајте ги
упатствата за отфрлање во отпад наведени во ова упатсво за корисник.
Никогаш не отстранувајте поединечни делови од штитникот! Може да се
отстрани само надворешната навлака на штитникот.
Не ставајте никакви предмети на штитникот. Не користете никакви остри
предмети на или во близина на штитникот.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е
заглавено на некоја површина кога ја затворате вратата на возилото или да
кога го приспособувате задното седиште.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да бидат
добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ возилото, што
би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без навлака.
Бидете сигурни дека се употребува само оригинална навлака CYBEX на
седиштето за автомобил, бидејќи навлаката претставува интегрален дел од
системот за врзување.
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
Некои делови од овој систем за врзување на дете може да се загреат кога
се изложуваат на директна сончева светлина и би можеле да предизвикаат
изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и седиштето за
автомобил од директно изложување на сончева светлина.
Сообраќајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за
автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообраќајна
несреќа, заменете го седиштето за автомобил. Ако се двоумите,
советувајте се со застапникот или со производителот.
MK

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the CYBEX PLATINUM ANORIS T2 i-SIZE and is the answer not in the manual?

CYBEX PLATINUM ANORIS T2 i-SIZE Specifications

General IconGeneral
BrandCYBEX
ModelPLATINUM ANORIS T2 i-SIZE
CategoryCar Seat
LanguageEnglish

Related product manuals