2 EMS21400 MK
Содржина
Безбедносни информации 2
Опрема 4
Опис на производот 8
Пред првата употреба 10
Ракување 11
Одржување и чистење 16
Технички податоци 17
Местење 18
Еколошки упатства 20
Европска гаранција 20
Безбедносни информации
Вградените безбедносни прекинувачи
на бравата спречуваат микробрановата
печка да работи кога вратата е
отворена.
Не чепкајте ги и не обидувајте се да
ја пуштате печката да работи со
отворена врата бидејќи така може да се
изложите на микробранова енергија.
Не дозволувајте истурена храна или
остатоци од средства за чистење да се
насоберат на површините за заптивање
на вратата. Видете во делот Чистење и
одржување за начинот на чистење.
Особено е важно вратата на печката
да се затвора правилно и да нема
оштетувања на: (1) вратата (да не е
искривена), (2) шарките и резињата (да
не се скршени или несигурни), (3)
заптивките на вратата и
површината за
заптивање.
Предупредување: Ако се оштетени
вратата, шарките/резињата или
заптивките на вратата, со брановата
печка не смее да се работи додека не ја
поправи овластен сервисер.
Предупредување: Опасно е за секого
освен за фабрички обучените
сервисери да ја поправа или да ја
прилагодува печката. Јавете се на
најблискиот овластен сервис ако е
потребна поправка.
Никогаш не вадете ги надворешното
куќиште, вратата или контролната
табла. Така може да се изложите на
крајно висок напон.
Наместете ја
или ставете ја печката
само во согласност со „упатствата за
местење" во овој прирачник.
Користете го апаратот само за
неговата намена, како што е опишано
во овој прирачник. Не користете
нагризувачки хемикалии во апаратот.
Овој вид печка е посебно конструиран
за загревање, готвење или
одмрзнување храна. Не е конструиран
за индустриска или лабораториска,
ниту за комерцијална употреба - со тоа
се обезважува гаранцијата.
Не пуштајте ја печката да работи
празна. Ако нема храна или вода да ја
впијат микробрановата енергија,
магнетронската цевка може да се
оштети.
Не чувајте го апаратот надвор. Не
користете го близу до вода.