81
MK
• Пуштете ја машината да работи без
оптеретување после монтирање на
приборот. Ако машината силно вибрира,
веднаш исклучете ја, извадете го кабелот
од струја и обидете се да го решите
проблемот.
• Проверете ја максималната брзина на
приборот, дали е поголема или иста со
максималната брзина на машината. Видете
ја натписната плочка на машината.
• Пред работа од работното парче
отстранете шајки и други метални
предмети.
• Проверете го потпирањето или стегањето
на парчето.
• Држете ги рацете подалеку од работното
парче.
• Никогаш не ја одложувајте машината пред
да ја исклучите.
Електрична безбедност
Секогаш проверувајте дали напонот на
напојувањето одговара на наведениот
напон на плочката.
• Не ја користете машината ако е оштетен
кабелот или приклучокот.
• Користете продолжни кабли кои
одговараат на моќност на машината, со
минимален попречен пресек од 1.5 mm
2
.
Ако користите продолжен кабел во ролна,
целосно одмотајте го.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
PDM1052
Мрежен напон 230 V~
Номинална фреквенција 50 Hz
Влезна моќност 800 W
Брзина без оптеретување 0 - 3,000 min
-1
Број на удари 0 - 48,000 min
-1
Max. пречник на бургија Дрво 25 mm
Бетон 13 mm
Челик 10 mm
Класа за заштита IP 20
Тежина 2.2 kg
Бучава и вибрации
Ниво на звучен притисок (Lpa) 91.7 dB(A)
Акустична моќност (Lwa) 102.7 dB(A)
Отстапување (K) 3 dB(A)
Режим на ударно дупчење 15.238 m/s
2
Дупчење во метал 4.980 m/s
2
Отстапување (K) 1.5 m/s
2
Носете заштита за слухот.
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено
во упатствово, е измерено во согласност со
стандардизиран тест даден во EN 60745; тој
може да се користи за споредување на еден
алат со друг како и за прелиминарна процена
на изложеност на вибрации при користење на
алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни
апликации или со различни или слабо
одржуван прибор, може значително да го
зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е исклучен или кога
работи, но не ја врши работата, може
значително да го намали нивото на
изложеност.
Заштитете се од ефектите на вибрациите со
одржување на алатот и приборот, рацете да
ви бидат топли и организирајте ги работните
навики.
ОПИС (СЛ. A)
Ударната дупчалка е конструирана за дупчење
во дрво, метал и пластика и за ударно
дупчење во цигла и бетон.
1. On/off прекинувач
2. Копче за забравување
4. Напред/назад прекинувач
5. Прекинувач за дупчење / ударно дупчење
6. Футер
7. Главна дршка
8. Дополнителна дршка
9. Граничник за длабина
10. Клуч за футер
11. Држач за клуч за футер
МОНТАЖА
Пред монтажа исклучете ја машината
и извадете го приклучокот од главниот
напон.