10
МАКЕДОНСКИ
Подигнување и пренесување
на телевизорот
При пренесување или подигнување на телевизорот, прочитајте ги
следните напатствија за да се спречи гребење или оштетување на
телевизорот и за безбедно пренесување без оглед на видот и големината.
tСе препорачува телевизорот да се пренесува во кутијата или материјалот
за пакување во кои телевизорот оригинално бил испорачан.
tПред преместување или подигнување на телевизорот,
откачете го кабелот за напојување и сите кабли.
tКога го држите телевизорот, екранот треба да биде завртен
спротивно од вашето тело за да се избегне оштетување.
tЦврсто држете го горниот и долниот дел од рамката на
телевизорот. Внимавајте да не ги држите проѕирниот дел,
звучникот или делот за решетка на звучникот.
tПри пренесување на голем телевизор, потребно е учество на
најмалку 2 лица.
tПри рачно пренесување на телевизорот, држете го
телевизорот како што е прикажано на следната слика.
tПри пренесување на телевизорот, немојте да го изложувате на
нишање или прекумерни вибрации.
tПри пренесување на телевизорот, задржете го во исправена
положба, никогаш немојте да го завртувате странично или да
го накосувате налево или надесно.
tНе применувајте прекумерен притисок кој би предизвикал
превиткување/закривување на рамката на куќиштето, бидејќи
тоа може да го оштети екранот.
tПри ракување и пренесување на телевизорот, внимавајте да
не го оштетите испакнатото џојстик копче.
ВНИМАНИЕ
tИзбегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може
да резултира во оштетување на екранот.
tНемојте да го преместувате телевизорот држејќи го за
држачите за кабли, бидејќи држачите за кабли може да се
скинат и да дојде до повреда и оштетување на телевизорот.
Користење на џојстик копчето
(Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.)
Преку притиснување или поместување на џојстик копчето нагоре, надолу, налево
или надесно, ќе можете едноставно да управувате со функциите на телевизорот.
ЗАБЕЛЕШКА
tСеријата
UF64
нема џојстик копче, туку само копчиња за вклучување/
исклучување на напојувањето.
Џојстик копче
Основни функции
Вклучување
Кога телевизорот е исклучен,
поставете го прстот на џојстик
копчето, притиснете го еднаш и
отпуштете го.
Исклучување
Кога телевизорот е вклучен,
поставете го прстот на џојстик
копчето, притиснете го еднаш
во траење од неколку секунди
и отпуштете го. Сите активни
апликации ќе се затворат, а
снимањата кои се во тек ќе запрат.
Контрола на
јачината на
звук
Доколку го поставите прстот на
џојстик копчето и го притиснете
налево или надесно, ќе можете да
ја прилагодите јачината на звукот
на саканото ниво.
Контрола на
програмите
Доколку го поставите прстот на
џојстик копчето и го притиснете
нагоре или надолу, ќе можете да се
движите низ зачуваните програми.