11
МАКЕДОНСКИ
Прилагодување на менито
Кога телевизорот е вклучен, притиснете го еднаш џојстик копчето.
Преку поместување на џојстик копчето нагоре, надолу, налево или
надесно, ќе можете да ги прилагодите елементите од менијата.
Исклучување на напојувањето.
Ги брише приказите на екранот и враќа на гледање телевизија.
Промена на изворот на влезен сигнал.
Пристап до брзите поставки.
ЗАБЕЛЕШКА
tКога ќе го поставите прстот на џојстик копчето и ќе притиснувате
нагоре, надолу, налево или надесно, внимавајте да не го
притиснете џојстик копчето. Ако прво го притиснете џојстик
копчето, нема да можете да ја прилагодувате јачината на звукот и
зачуваните програми.
Поставување на маса
(Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.)
1 Подигнете го телевизорот и закосете го по потреба за да дојде во
исправена положба на масата.
t Оставете простор од 10 cm (минимум) од ѕидот за правилна
вентилација.
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
2 Поврзете го кабелот за напојување со штекер на ѕид.
ВНИМАНИЕ
tНемојте да го поставувате телевизорот во близина на извори
на топлина, бидејќи може тоа може да предизвика пожар или
друга штета.
Користење на kensington
безбедносен
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)
tПрикажаната слика може да се разликува од вашиот
телевизор.
Приклучокот за Kensington безбедносниот систем се наоѓа на
задната страна од телевизорот. За повеќе информации околу
инсталирањето и користењето, погледнете во упатството
испорачано со Kensington безбедносниот систем или посетете ја
страницата http://www.kensington.com. Поврзете го кабелот на
Kensington безбедносниот систем помеѓу телевизорот и масата.
Прицврстување на телевизорот
на ѕид
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)
1 Вметнете ги и прицврстете ги завртките со отвор, или носачите и
завртките на задната страна од телевизорот.
tАко има вметнато завртки на местото за завртки со отвор,
прво извадете ги завртките.
2 Монтирајте ги носачите за ѕид со завртките на ѕидот.
Усогласете ја позицијата на носачите за ѕид со завртките со отвор
поставени на задната страна од телевизорот.
3 Цврсто поврзете ги завртките со отвор и носачите за ѕид со
издржливо јаже.
Внимавајте да задржите хоризонтална положба на јажето.
ВНИМАНИЕ
tВнимавајте децата да не се качуваат или да се држат со својата
тежина на телевизорот.
ЗАБЕЛЕШКА
tКористете платформа или ормар кои се доволно цврсти и
големи за да овозможат безбедна поддршка на телевизорот.
tНосачите, завртките и јажињата не се испорачуваат.
Дополнителна опрема можете да набавите од вашиот локален
продавач.