EasyManua.ls Logo

Philips LatteGo 5500 Series - Приспособување на другите поставки за машината; Враќање на фабрички поставки; Отстранување и вметнување на групата за варење; Отстранување на групата за варење од машината

Philips LatteGo 5500 Series
570 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
510
Македонски
1 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе.
2 Отворете го капакот на резервоарот за зрна кафе.
3 Допрете ја иконата за еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп .
4 Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го
налево или надесно. (Сл. 20)
Приспособување на другите поставки за машината
Со допирање на иконата за Поставки , можете да ги приспособите следниве поставки за машината:
-
Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата во
вашиот регион;
-
Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути
-
Осветленост на екранот: можете да изберете ниска, средна и висока.
-
Јазик
-
Звук: можете да го активирате или деактивирате звукот на титкање на машината
-
Температура: можете да изберете помеѓу 3 температури на варење за вашето кафе
-
Предно осветлување (само кај серијата 5500): можете да изберете „секогаш вклучена“, „вклучена
за време на варење“ или „секогаш исклучена“.
-
Единица мерка: можете да изберете помеѓу ml или oz.
-
Активирање профил: може да активирате или да деактивирате профили.
-
Плакнење при започнување: може да активирате или да деактивирате автоматски циклус на
плакнење кога ја вклучувате машината.
-
Заднинско осветлување на екранот: може да го активирате или деактивирате заднинското
осветлување на копчињата за пијалаци.
Враќање на фабрички поставки
Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент.
1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) .
2 Користете ги иконите за нагоре и надолу за да изберете „Фабрички поставки“. Потврдете со
допирање на иконата OK.
3 Притиснете го копчето за старт/стоп за да потврдите дека сакате да ги вратите поставките.
-
Поставките сега се враќаат.
Следните фабрички поставки се враќаат на стандардно: тврдост на водата, време на мирување,
заднинско осветлување на екранот, плакнење при започнување, звук, температура, предно
осветлување, профили.
Отстранување и вметнување на групата за
варење
Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства за начинот на отстранување,
вметнување и чистење на групата за варење.
Отстранување на групата за варење од машината
1 Исклучете ја машината.
2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 21).

Table of Contents

Related product manuals