234 235
234 235
MK
Автоматското собирање прашина се прекинува
по стартувањето или собирањето ѓубре не е
темелно.
1. Проверете дали е полн садот за прашина. Ако е
полн садот за прашина, заменете го;
2. Излезот за прашина од садот за прашина од
главната машина е заглавен од туѓи тела и поради
тоа преградата од садот за прашина не може да се
отвори;
3. Проверете дали е блокиран воздушниот канал од
станицата за автоматско полнење;
4. При собирањето прашина, машината се поместува
(не поместувајте ја машината при собирањето
прашина за да не се оштети);
5. Може да има вода во садот за прашина од главната
машина, па прашината не може да се издвои лесно.
Обидете се да спречите извлекување вишок вода
од главната машина, бидејќи тоа ќе влијае врз
успешноста на собирањето прашина.
Внатрешната комора од садот за прашина на
станицата за автоматско полнење е валкана.
1. Ситните честички ќе поминат низ садот за прашина
и ќ е се залепат на внатрешниот ѕид од бурето за
прашина. Проверувајте и чистете редовно;
2. Може да се оштети садот за прашина. Проверете го
и заменете го ако треба;
3. Големо наталожување нечистотија во внатрешната
комора има одредено влијание врз вентилаторот
и врз сензорот за притисок на воздухот. Се
препорачува редовно да го чистите ѓубрето во
внатрешната комора.
Список со дефекти
X-plorer Serie 75 S & 75 S+
Дефект Решение
Одбојникот за случај на судир е заглавен,
проверете го.
Одбојникот за случај на судир е заглавен. Потчукнете
неколкупати за да ги отстраните туѓите материи. Ако
нема туѓи материи, преместете го и стартувајте го.
Заглавено е тркало. Проверете дали е заглавено
некое туѓо тело во тркалото или преместете
го близу неговата почетна положба за да го
стартувате.
Ако е заглавено некое тркало, проверете дали има
некое туѓо тело во тркалото или преместете го близу
неговата почетна положба за да го стартувате.
Страничната четка е заглавена, проверете ја. Страничната четка може да биде заплеткана со туѓа
материја. Исчистете ја и престартувајте.
Вртливата четка е заглавена. Извадете ја и
исчистете ја.
Вртливата четка може да биде заплеткана со туѓа
материја. Извадете ја и исчистете ја, но и нејзините
конекции, капакот и влезот за вшмукување.
Машината е заглавена. Отстранете ги пречките одоколу.
Машината е заглавена. Поместете ја близу
нејзината почетна положба за да ја стартувате.
Можеби машината е закачена. Преместете ја и
стартувајте. Ако сензорот против паѓање е многу
валкан, и тој може да предизвика дефект. Избришете
го сензорот против паѓање за да го елиминирате
дефектот.
Некое тркало е закачено. Поместете го близу неговата почетна положба за да
го стартувате.
Енергијата е многу ниска и системот за брзо ќе
се изгасне автоматски.
Наполнете ја батеријата.
Сензорот за полнење е блокиран. Сензорот за полнење е покриен со прашина.
Избришете го.
Причина и решение
X-plorer Serie 75 S+
Дефект Решение
Дефект при стартувањето
1. Нивото на батеријата е ниско. Поставете ја
правосмукалката на станицата за автоматско полнење
и порамнете ја со игличките за полнење, превклучете
го прекинувачот на левата страна од правосмукалката
на „I“ и правосмукалката ќе стартува автоматски (ако
е целосно испразнета батеријата, треба да се полни
некое време пред да стартува автоматски).
2. Собната температура е многу ниска (под 0 °C) или
повисока од (50 °C). Користете ја просторијата со
температура од 0 до 40 °C.
3. Потврдете дека прекинувачот на левата страна од
правосмукалката е поставен на „I“.
Дефект при полнење 1. Отстранете ја правосмукалката и проверете дали е
вклучена светилката на индикаторот од станицата
за автоматско полнење и проверете дали двата
краја од струјниот адаптер се приклучени.
2. Слаб контакт. Исчистете ги контактите од пружина
на станицата за автоматско полнење и контактите
за полнење на правосмукалката.
3. Потврдете дека прекинувачот на левата страна од
правосмукалката е поставен на „I“.
Дефект при дополнување 1. Има многу пречки близу станицата за автоматско
полнење. Ставете ја станицата за автоматско
полнење на отворено место.
2. Правосмукалката е далеку од станицата за
автоматско полнење. Поставете ја правосмукалката
близу станицата за автоматско полнење и обидете
се повторно.
Дали правосмукалката троши енергија кога е
поставена на станицата за автоматско полнење
цело време
Потрошувачката на енергија е многу ниска кога е
ставена правосмукалката на станицата за автоматско
полнење цело време со што се одржува батеријата во
состојба за најдобри перформанси.
Откако роботската правосмукалка ќе се врати на
станицата за автоматско полнење, не започнува
автоматско собирање прашина.
1. Проверете дали станицата за автоматско полнење
е нормално вклучена на напојување. Кога главната
машина автоматски ќе се врати за дополнување по
повеќе од 5-минутно чистење, тогаш ќе започне
автоматското собирање прашина;
2. Проверете дали е отворен или неправилно
затворен капакот од станицата за автоматско
полнење; (ако е затворен неправилно, ќе свети
црвено светло);
3. Проверете дали садот за прашина е монтиран на
станицата за автоматско полнење; (ако е затворен
неправилно, ќе свети црвено светло);
4. За да овозможите непречено собирање прашина,
се препорачува да ја оставите главната машина
да се дополни автоматски по чистењето; (рачното
поместување на роботската правосмукалка
на станицата за автоматско полнење може да
предизвика нестабилна врска, а со тоа ќе влијае и
врз собирањето прашина);
5. Проверувајте го садот за прашина редовно за да
проверите дали е полн, бидејќи преполн сад за
прашина може да се скрши, да ја блокира цевката
за собирање прашина и да ја оштети станицата за
автоматско полнење;