10
Не обидувајте се да го стартувате до пилот-
пламен или до било кој друг отворен пламен.
Не пушете. Фатете го стартното јаже со една
рака, а притиснете го капакот на моторот со
друга. Полека повлечете го стартното јаже
додека не почувствувате отпор, a потоа цврсто
повлечете го стартното јаже на горе. Уредот
треба да стартува за 5 повлекувања, а потоа
целосно отворете го саухот (слика 13). Кога ќе
се загрее, моторот треба да стартува со првото
повлекување. Доколку не стартува, повторно
притиснете ја пумпата и бидете сигурни дека
рачката на саухот е во правилна позиција
(сликa 14).
6. Притиснете ја малку командата за гас – за да
се загрее моторот на 15 дo 30 секунди. Кога е
ладно времето, поместувајте ја гаста полека
додека не се загрее моторот 30 дo 60 секунди.
Напоменa: Кога го стартувате моторот во топли или ладни услови – може да
биде неопходно да ја притиснете гаста отворено додека го влечете стартното
јаже.
КОГА МОТОРОТ СТАРТУВА
За постигнување на максимални перформанси и животен век, пред употреба –
почекајте моторот да се загрее.
1. Стартувајте го моторот на 2-3 минути на брзина на празен од – додека не се
постигне работната температурa.
2. Како се загрева моторот, постепено отворајте го саухот, полека туркајќи ја
командата на саухот внатре – до целосно вовлечена позиција.
3. Moторот сега би требало да биде подготвен за употреба.
ДОКОЛКУ МОТОРОТ НЕ СТАРТУВА
Повторете ги соодветните стартни процедури. Доколку моторот и понатаму не
сака да стартува, придржувајте се до инструкциите за „Стартување на
преплавен мотор” („пресисан”), кои се приложени долу.