11
СТАРТУВАЊЕ НА ПРЕПЛАВЕН МОТОР (мотор кој „пресисал”)
1. Извадете го кабелот од свеќичката и
употребете клуч за свеќички – за да ја
извадите свеќичката во правец спротивен од
стрелките на часовникот (Слика 15).
2. Доколку е извалкана свеќичката или
доколку е натопена со гориво, исчистете ја
или заменете ја по потреба.
3. Исчистете го прекумерното гориво од комората за согорување – со вртење
на моторот неколку пати, додека е отстранета свеќичката.
4. Инсталирајте ја свеќичката и цврсто затегнете ја со клуч за свеќички.
Доколку е достапен момент-клучот, затегнете ја свеќичката на момент фунти
(16,7 – 18,6 Nm). Повторно приклучете го кабелот на свеќичката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
Неправилната монтажа на свеќичката може да доведе до сериозно
оштетување на моторот.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ЗАПИРАЊЕ
1. Oтпуштете ја раката од командата за гас. Почекајте моторот да се излади на
празен од.
2. Доколку Ви е уредот опремен со пружински прекинувач ON/OFF, притиснете
го и држете го копчето на “O” додека не се исклучи уредот. Во спротивно
турнете го прекинувачот во OFF позицијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку моторот продолжи да работи со копчето за палење во
позицијата “OFF”, исклучете го моторот со извлекување на саухот
во целосно затворена позиција или со отворање на кафезот.
МОД НА ДУВАЧ
Пред работата со уредот, проверете го следново:
Ракувачот носи соодветна облека и заштита на очи и
уши.
Целата опрема на дувачот е прописно инсталирана
и обезбедена.