12
1. Стартувајте го уредот.
2. Насочете ја млазницата во правецот во кој сакате
да дувате (слика 16).
3. Повлечете ја командата за гас.
4. Поставете блокада на гас во било која посакувана
позиција на брзината со притискање на копчето во
позиција на блокада. За да ја прилагодите брзината
на гас, турнете ја блокадата за гас во позицијата off,
прилагодете ја и повторно блокирајте ја командата за
гас.
МОД НА ПРАВОСМУКАЛКА
Пред работата со уредот, проверете го следново:
Целата опрема на правосмукалката е прописно инсталирана и обезбедена.
Бидете сигурни дека вреќата за собирање на малч не е извртена или
затегната на било кој начин.
1. Стартувајте го уредот.
2. Ставете го ременот за вреќата за собирање на левото рамо и подесете го
ременот по потреба (сликa 17).
3. Повлечете го прекинувачот за да ја стартувате правосмукалката.
4. Подесете ја блокадата за гас на посакуваната брзина.
5. Испразнете ја вреќата по потреба – извадете ја
од уредот и отворете го патентот што се наоѓа на
горната страна.
НАПОМЕНA: Не работете со овој уред со кафезот
насочен нагоре, ниту пак со држачот за раце
насочен надолу.
Кога работите со уредот на собирање, доколку е влезот на цевката
за собирање затнат со многу лисја – намалете ја брзината на
моторот, а потоа веднаш исчистете ја цевката. Во спротивно ќе
дојде до сериозно оштетување на моторот.