EasyManua.ls Logo

Villager VBV 230 E - Page 112

Villager VBV 230 E
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
13
Villager
VBV 230 E (MK)
ИНСТРУКЦИИ ЗA МЕШАЊЕ НА БЕНЗИН И МАСЛО
Горивото кое се користи во овој модел е мешавина од безоловен бензин и
сертификувано одобрено 2-тактно масло (масло за 2-тактни мотори). Кога
мешате бензин со масло за 2-тактни мотори користете безоловен бензин со 90
или со поголем октански број со добар квалитет. Тоа ќе помогне да се
избегне можното оштетување на водовите за гориво на моторот и на другите
делови на моторот.
Кога подготвувате мешавина од гориво, мешајте го само она количество
кое е потребно за извршување на работата. Секогаш користете свежа
мешавина од бензин/масло за да добиете оптимални перформанси од Вашиот
уред. Стоената, стара мешавина од гориво ќе го отежнува стартувањето на
Вашиот уред и ќе се добијат лоши перформанси. Не користете складирано,
стоено гориво. Двотактното гориво може да се развои. Протресете го
канистерот со гориво темелно – пред секоја употреба.
Teмелно измешајте го пропишаниот сооднос на масло за 2-тактни мотори
со безоловен бензин во одвоен канистер.
Истурете ја мешавината во резервоарот за гориво на уредот. Внимавајте да
не го преполните резервоарот.
Вратете го на своето место капакот на резервоарот за гориво.
Доколку не ги почитувате инструкциите за прописно мешање на горивото,
може да дојде до оштетување на моторот.
Не пушете додека го полните резервоарот.
Никогаш не работете со овој уред без капакот на резервоарот
цврсто обезбеден на своето место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊE
Никогаш не мешајте бензин и масло директно во резервоарот за
гориво на уредот.
Никогаш не полнете го резервоарот до самиот врв.
Никогаш не ставајте гориво во резервоарот во затворен простор
без вентилација.
Искрите и отворениот пламен држете ги на одредено растојание
од работниот простор.
Задолжително избришете го истеченото гориво пред да почнете со
стартување на моторот.
Не обидувајте се да полните гориво кога е врел моторот.