15
Moторот нема да работи на лер гас (на празен од).
Moторот работи колебливо или запира при забрзување.
Силата на моторот опаѓа.
Проверете дали е зазорот на свеќичките правилен и прегледајте ја
состојбата на свеќичките. Доколку се јавува и понатаму проблемот,
карбураторот треба да се подеси во овластена сервисна
работилница.
OДРЖУВАЊE
Некои процедури за одржување бараат специјални алати или
вештини. Доколку не сте сигурни во врска со тие процедури,
однесете го Вашиот уред во овластена сервисна работилница.
Никогаш не изведувајте поправки или процедури на одржување –
додека работи уредот. Сите поправки и одржувања – се изведуваат
на ладен уред. Откачете го кабелот за свеќичка – за да се
обезбедите дека нема да дојде до стартување на уредот.
РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАЊЕ
Потребните процедури за одржување треба да се изведуваат според
распоредот даден во табелата. Тие исто така треба да се користат како дел од
сезонското подесување секоја година.
Отстранете ги нечистотијата и отпадоците од
надворешниот дел на дувачот.
Прегледајте ги моторот, резервоарот и цревата и
проверете дали има истекување, поправете ги
доколку е тоа неопходно.
Прегледајте дали на ребрата за ладење на моторот
има насобрана нечистотија или отпадоци и по
потреба исчистете ги.
Прегледајте го уредот – за да утврдите дека нема
оштетувања, разлабавени делови или делови кои
недостасуваат или прицврстени елементи и
поправете го по потреба.
Исчистете го и повторно ставете масло на филтерот за
воздух.