16
Проверете ги состојбата и зазорот на свеќичките.
Прегледајте го уредот и цевките и проверете дали
има оштетувања, вклучувајќи и разлабавеност или
надостаток на компоненти и поправете го по
потреба.
Проверете ги состојбата и зазорот на свеќичките.
Проверете го филтерот за гориво.
Исчистете го ситото на ловецот на искри.
ПРЕГЛЕД НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ
Oва треба да се прави почесто доколку се
работи во услови на зголемена прашина.
1. Насобраната прашина во филтерот за
воздух ќе ја намали ефикасноста на
моторот, ќе ја зголеми потрошувачката на
горивото и ќе им овозможи на абразивните
делови да навлезат во моторот. Извадете
го филтерот за воздух толку често – колку
што е потребно за да се одржи во чиста
состојба.
2. Лесната површинска прашина може
лесно да се отстрани со благо удирање на
филтерот.
3. Потешките наслаги треба да се исперат со
соодветен раствор.
4. Извадете го капакот на филтерот со
притискање на делот на внатрешниот капак
како што е покажано на слика 20.
ПРЕГЛЕД НА СВЕЌИЧКИТЕ
1. Употребете клуч за свеќички за да ги
извадите свеќичките (вртете во правец
спротивен од стрелките на часовникот за да
ги извадите) – Сликa 15.
2. Исчистете ја свеќичката и подесете го
зазорот на свеќичката на 0,6-0,7mm
(слика 21). Заменете ја секоја свеќичка
која е оштетена или која е истрошена.