СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
7. При ладење во висока релативна влажност (релативна влажност поголема од
80%), на површината од внатрешната единица може да се појави вода која капе.
Наместете ја хоризонталната лопатка во положба на максимален проток на
воздух и одберете голема брзина на вентилаторот.
8. Греење (само за модели со греење и ладење)
Додека грее клима уредот презема топлина од надворешната единица и ја испушта
преку внатрешната единица. Кога надворешната температура ќе опадне,
количеството топлина што клима уредот го презема исто така сразмерно се
намалува. Истовремено топлинското оптеретување на клима уредот се зголемува
поради големата разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура. Доколку
со помош на клима уредот не можете да ја постигнете саканата температура,
препорачуваме да користете и друго грејно тело.
9. Функцијата автоматско продолжување со работа
Доколку снема струја додека уредот работи, тој прекинува со работа.
Уредите без функцијата за автоматско продолжување со работа, кога струјата ќе се врати,
индикаторот RUN на внатрешната единица свети. За уредот да продолжи со работа, притиснете
го копчето ON/OFF од далечинскиот управувач. Уредите со функција за автоматско
продолжување на работата, автоматски продолжуваат со работа во онаа фаза во која
претходно биле.
10. Гром или активни бежични телефони во близина на клима уредот можат да му
наштетат. Исклучете го уредот од струјата, и одново вклучете го. За да продолжи со
работа, притиснете го копчето ON/OFF од далечискиот управувач.
10