УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Како работи клима уредот
АВТОМАТСКО работење
Pritisnite tipku Sleep
Hlađenje
Pritisnite tipku Sleep
1
Grijanje
Kкога уредот работи автоматски, тој автоматски
избира дали ќе грее или лади (само модели со
ладење/греење) или ќе работи само вентилаторски, во
зависност од температурата што сте ја одбрале и во
зависност од собната температура.
Клима уредот автоматски ја контролира собната
температура околу точката што сте ја одбрале.
Доколку АВТОМАТСКОТО работење не ви се допаѓа,
можете рачно да ги поставите бараните услови.
НОЌНО работење
Доколку за време ладење (модели без греење), греење или
автоматско работење го притиснете копчето SLEEP, клима
уредот автоматски ќе ја покачи температурата (ладење)
или намали (греење) за 1°C на час. Поставената
температура ќе се стабилизира по 2 часа. Клима уредот ќе
се исклучи по два часа. Брзината на вентилаторот
автоматски ќе се контролира. Оваа функција ќе ви ја
одржува најудобната температура и ќе ви заштеди многу
енергија.
Функција СУШЕЊЕ
Функцијата сушење автоматски ќе одбере ниво на
влажност врз база на разликата помеѓу поставената
температура и собната температура.
За време на сушењето температурата се регулира со
вклучување и исклучување на ладењето или само со
вентилаторот. Брзината на вентилаторот е ниска.
Оптимално работење
За да постигнете оптимално работење на уредот, ве молиме
да внимавате на следново:
Правилно насочете го протокот на воздухот, така што да не е
насочен кон луѓето во просторијата
Поставете ја температурата така што ќе добиете највисоко
ниво на удобност.
Додека лади или грее уредот, вратата и прозорците нека
бидат затворени, за да не се намалат својствата н уредот.
За да го одберете саканото време на почеток со работа на
уредот, користете го копчето TIMER ON (вклучување на
тајмерот) од далечинскиот управувач.
Не поставувајте никакви предмети во близина на отворот за
воздух, зашто својствата на уредот може да се намалат, и
уредот може да престане со работа.
Редовно чистете го филтерот за воздух, зашто во спротивно
работните својства греење/ладење кај уредот може да се
намалат.
Не користете го уредот со затворена хоризонтална лопатка.
6