3. Поставување на времето на вклучување и исклучување
3.1 Притиснете го копчето TIMER ON по што на далечинскиот
управувач се појавува TIMER ON, и на екранот се појавува
последното подесено време на вклучување и симболот ''h''.
Сега можете да го поставите новото време на вклучување
на клима уредот.
3.2 Со копчето TIMER ON се поставува посакуваното ново
време на вклучување на уредот.
3.3 Притиснете го копчето TIMER OFF по што на далечинскиот
управувач се појавува TIMER OFF, и на екранот се
појавува последното подесено време на вклучување и
симболот ''h''. Сега можете да поставите ново време на
исклучување на клима уредот.
3.4 Со копчето TIMER OFF се подесува посакуваното ново
време на исклучување на уредот.
3.5 По подесување на времето на исклучување треба да
помине пола секунда пред далечинскиот управувач да
емитира сигнал до клима уредот. Затоа, по околу 2
секунди симболот ''h'' исчезнува и на екранот повторно се
појавува подесената температура.
Промена на времето на тајмерот
• За промена на времето на вклучување/исклучување, на
едноставен начин преку соодветното TIMER копче се
поставува новото време.
• За поништување на подесеното време за
вклучување/исклучување, едноставно поставете го тајмерот
на 0:00.
НАПОМЕНА
Подесеното време е релативно време. Тоа е време кое се
базира на поминатото време од моменталната точка.
Предупредување
1. Помеѓу далечинскиот управувач и приемникот на
внатрешната единица не смее да има пречки бидејќи во
спротивно клима уредот нема да работи.
2. Држете го далечинскиот управувач подалеку од било какви
течности.
3. Заштитете го далечинскиот управувач од висока
температура и изложување на зраци.
4. Држете го приемникот на внатрешната единица подалеку од
директна сончева светлина бидејќи клима уредот може да се
расипе.
5. Држете го далечинскиот управувач подалеку од ЕМИ
(електромагнетна интерференца) која ја предизвикуваат
другите куќни уреди.