MK VIVAX
7
СОСТАВУВАЊЕ И ИНСТАЛАЦИЈА
Прв чекор: Составување на потпорни делови
1. Составете и поврзете го постољето со цевка за
прилагодување на висината на вентилаторот.
2. Отворете го куќиштето и наместете ја цевката која служи за
прилагодување на висината на вентилаторот.
3. Цевката вметнете ја во отворот на долната цевка за потпор и
завртете ја завртката.
4. Декоративното капаче провлечете го преку потпорната цевка
и прилагодете ја висината на цевката, ротирајте ја додека не
ја прицврстите.
Втор чекор: Составување на перките за вентилатор
1. Составување на заштитниот поклопец и прстен
a. Прицврстете го задниот поклопец на моторот со помош на
завртките (внимавајте на насоката на ротацијата на
вентилаторот).
b. Со заштитниот прстен покријте го предниот поклопец.
c. Покријте го отворот и прицврстете го прстенот.
2. Инсталација на вентилаторот
a. За време на инсталација на вентилаторот внимавајте
отворот на вентилаторот да го поставите на
надворешната дршка која се наоѓа на моторот од уредот.
b. Процврстете со завртките во спротивна насока од
стрелките на саатот.
3. Составување на преден поклопец
a. Прстен на предниот поклопец наместете го на отворот на
прстенот кој е фиксиран на задниот поклопец.
b. На крај прицврстете ја завртката на заштитниот поклопец.