MK
188 COMBI-CARE 38 P comfort
Кориснички центар/сервис
Дефект Отстранување
Моторот не пали
■
Ставете бензин
■
Прачката за вклучување на моторот притиснете ја до управувачката
осовина
■
Проверете ја свеќичката, по потреба заменете
■
Чистење филтер за воздух
Валјакот не врти Посетете го сервисот за грижа на корисници
Капацитетот на
моторот ослабнува
■
Изберете пониска работна длабочина
■
Заменете ги изабените сечила
■
Искосете го тревникот (тревата е превисока)
Скарификаторот дава
слаби резултати
■
Изберете пониска работна длабочина
■
Заменете ги изабените сечила
■
Нерамномерна
работа
■
Уредот вибрира
■
Неисправни сечила
■
Посетете го сервисот за грижа на корисници
11 КОРИСНИЧКИ ЦЕНТАР/СЕРВИС
Ако имате прашања во врска со гаранцијата,
поправка или резервни делови обратете се на
најблискиот сервисен центар на AL-KO.
Истиот ќе го најдете на интернет на следната
адреса:
www.al-ko.com/service-contacts
12 ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗЈАВАТА ЗА
СООБРАЗНОСТ
Со ова изјавуваме под наша лична
одговорност дека овој производ, во обликот во
кој ние сме го пуштиле во промет, ги
задоволува барањата на хармонизираните
директиви на ЕУ, безбедносните стандарди на
ЕУ и на стандардите кои се специфични за
самиот производ. Изјавата за сообразност е
дел од упатството за работа и е приложена
кон машината.
13 ГАРАНЦИЈА
Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на
законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или
испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според
законот на државата, во која бил купен производот.
Нашата обврска за гаранција важи само при:
■
почитување на упатството за употреба
■
Прописно ракување
■
Употреба на оригинални резервни делови
Гаранцијата се поништува при:
■
Обиди за самостојни поправки
■
Обиди за самостојни технички измени
■
Непрописна примена
Од гаранцијата се исклучени:
■
Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење
■
Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка
■
Мотори со внатрешно согорување (тука важат гарантните одредби на соодветниот
произведувач на моторот)
Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е
датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка
кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа
гаранција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.