EasyManua.ls Logo

Ariston LYDOS WiFi - Page 202

Ariston LYDOS WiFi
228 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
202 / MKD
ФУНКЦИЈА ECO
Функцијата ECO се вклучува со притискање на копчето „SET“ додека не се вклучи ЛЕД-светилката ECO.
Функцијата ECO произведува топла вода според навиките на корисникот. Во текот на првата седмица,
производот ги зачувува повлекувањата и времињата во кои се одвивале. Потоа, почнувајќи од наредната
седмица, греењето на водата се врши според тоа што бојлерот го научил претходно.
Ако корисникот сака да ја врати функцијата и да почне со нов период на учење, мора да го притисне
копчето „SET“ и да го држи 10 секунди (ЛЕД-светилката ECO ќе трепка).
Ако функцијата ECO е вклучена и ако е притиснато копчето „SET“, тогаш функцијата ќе биде оневозможена
и ќе се прикаже соодветната избрана температура (40 °C -> 80 °C).
Функција ЦИКЛУС ЗА ТЕРМИЧКА ДЕЗИНФЕКЦИЈА (анти-легионела)
Функцијата анти-легионела е стандардно активирана. Се состои од циклус на загревање/одржување на
водата на 65 °C во период од 1 час за да се изврши термичка дезинфекција против релевантните бактерии.
Циклусот започнува при првото вклучување на производот и по секое повторно вклучување што следи по
прекин во напојувањето со електрична енергија. Ако производот секогаш функционира на температура
под 60 °C, циклусот се повторува по 30 дена. Кога производот е исклучен, функцијата анти-легионела
не е активна. Ако уредот се исклучи за време на циклусот анти-легионела, производот се исклучува и
функцијата не се комплетира. На крајот на секој циклус, работната температура се враќа на вредноста
претходно поставена од корисникот.
Активирањето на циклусот анти-легионела се означува така што ќе се вклучи LED SET. За да ја деактивирате
или активирате функцијата анти-легионела, притиснете и задржете го копчето
ON/OFF “ и
копчето
SET“ во рок од 3 секунди, а за да се потврди деактивацијата, тогаш ЛЕД-светлото за 40 °C трепка брзо 3
секунди. За повторно да ја активирате функцијата анти-легионела, повторете го претходниот чекор; за да
се потврди дека се врши повторна активација, ЛЕД-светлото за 60 °C трепка брзо 3 секунди.
Предупредување: кога овој софтвер го спроведува третманот со термичка дезинфекција, температурата
на водата може да предизвика изгореници. Проверете ја водата пред капење или туширање.
WI-FI ФУНКЦИЈА
За дополнителни информации околу Wi-Fi конфигурацијата и постапката за регистрација на производот,
погледнете го приложеното упатство за брза активација коешто се однесува на поврзувањето или
посетете ја веб-локацијата:
https://discover.ariston-net.remotethermo.com
ОПИС НА СТАТУСОТ НА ПОВРЗУВАЊЕТО
Wi-Fi
Копче
Бавно трепкање Wi-Fi модулот е вклучен
Брзо трепкање
Wi-Fi модулот е во режим на пристапна точка
Двојно трепкање
Wi-Fi модулот се поврзува на домашната мрежа
Вклучена
Wi-Fi модулот е вклучен и поврзан на домашната мрежа
Исклучено
Wi-Fi модулот е исклучен
РЕСЕТИРАЊЕ Wi-Fi: за да извршите ресетирање, истовремено притиснете ги копчињата “ и „SET во
рок од 10 секунди.
ФУНКЦИЈА ЗА СЕДМИЧНА ПРОГРАМА
Функцијата за седмична програма може да се активира само преку апликацијата.
Може да се изберат две различни температури во две различни времиња за секој ден од седмицата:
производот ќе ја пресмета брзината на загревање и, во зависност од температурата, најдобриот момент за
да започне со греење за да ја достигне температурата во посакуваното време.
За да ја деактивирате функцијата, притиснете го копчето „SET“.

Table of Contents

Related product manuals