EasyManua.ls Logo

Bosch PCM 800S - Page 237

Bosch PCM 800S
310 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Македонски | 237
Bosch Power Tools 1 609 92A 1GN | (23.6.15)
Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен процеп,
предизвикуваат зголемено триење и заглавување на
листот на пилата или повратен удар.
Никогаш не го користете алатот без плоча за
вметнување. Променете ја дефектната плоча за
вметнување. Доколку плочата за вметнување не е
беспрекорна, може да се повредите на листот на
пилата.
Не користете листови за пила од високо легиран
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
Проверете дали заштитната хауба може правилно
да функционира и дали може слободно да се движи.
Никогаш не ја блокирајте заштитната х
ауба во отворена
состојба.
Одржувајте го подот чист, без дрвени струготини и
остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се
сопнете.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
При сечење на
вертикални агли на
закосување,
подесливата шина-
граничник мора да се
повлече нагоре.
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
Линијата на сечењ
е
може да се прикаже со
ласерскиот зрак,
алтернативно од левата
или десната страна на
листот на пилата.
OBJ_BUCH-2325-002.book Page 237 Tuesday, June 23, 2015 9:26 AM

Related product manuals