91
батерии да се чуваат заедно со оригиналното пакување на суво место и на нормална
собна температура се додека не се спремни за користење и да се отстранат батериите
во согласност со вашите локални закони.
24. Да не се чува уредот заедно со батериите на многу топло место бидејќи ова може
да резултира во намалена работа на батеријата и/или истекување на батеријата.
Киселината од батеријата и истекувањето можат да предизвикаат повреди и/или
оштетување на производот и/или предметите наоколу. Ако се случи истекување на
батеријата, целосно да се измие било кој дел од кожата кој бил во допир со неа и да
се осигурате да ја држите киселината од батеријата подалеку од вашите очи, уши, нос
и уста. Веднаш да се измие облеката или други површини кои дошле во контакт со
истечената киселина од батеријата. Да се чува на место каде нема да им биде дофат
на децата.
25. Децата мора да се под надзор кога се користи уредот.
26. Да се измие и исуши целосно пред првото користење.
27. Да не се допираат острите сечила кога уредот е вклучен. Ако сечилата се заглават
тогаш уредот треба да се исклучи пред да се отстранат состојките. Бидете вниматели
кога ракувате со сечилата, го празните садот или бокалот, како и за време на чистењето.
28. Уредот смее да се користи само со типовите кои се обележани кај уредот.
29. Користењето на додатоци кои не се препорачани или не се продаваат од страна на
дистрибутерот на производот можат да предизвикаат повреди или оштетување на
производот.
30. Иако производот бил претходно проверен сепак неговото користење и последици
се исклучиво одговорност на корисникот.
2) Делови
Delimano MultiFresh се состои од следните делови кои се наменети за следните функции:
MULTIFRESH SM 002 Слика. 1 (види: СЛИКИ, Слика 1)
1. Главен уред
2. Контролен панел
3. Копче за режим на работа/старт-стоп
4. Копче за пулсирање
5.Капак за вакумски конектор
6. Сад од 700 мл
7. Комплет од 6 сечила
8. Силиконски вентили (2 парчиња)
9. Држач за вентилот
10. Заштитен капак за силиконските вентили
11. Сад од 200 мл
12. Комплет од 2 сечила
13. Капак (кој се става на садот од 700 мл
или 200 мл)
14. Уред за вакумирање
15. Капак на одделот за батерии
16. Копчето за вклучување и исклучување на
вакумирањето
17.Глава за вакумирање
18. Млазник за вакумирање
19. Цевка за вакумирање
20. Глава од цевката за вакумирање
21.Адаптер за главата за цевката за
вакумирање
22. Конектор за цевката за вакумирање
23. Сад за затоплување
24. Капак за садот за затоплување
25.Прекривка за капакот од садот за
затоплување
26.Кабел
27.Место за чување на кабелот
MULTIFRESH FOOD PROCESSOR SM 003 **НЕ Е ДОСТАПЕН СО DELIMANO MULTIFRESH. Достапен е само како индивидуален производ. Контактирајте го вашиот
дистрибутер.
1. Сад за процесирање храна.
2. Опрема која може да се извади
3. Капак
4. Капак за хранилката
5. Потиснувач
6. Ребрасто сечило
7. Сечило за рендање
8. Сечило за фино сечкање
9. Сечило за грубо сечкање (двојна основа)
10.Сечило за грубо сечкање (двострано сечило)
11. Маталка
Исто така е достапно во доменот на MultiFresh – контактирајте го дистрибутерот за повеќе информации
1. Delimano MultiFresh кеси за вакумирање
2. Delimano MultiFresh тапи за вакумирање
3. Delimano Multifresh вакумски садови за складирање
3) Пред првото користење
Пред да се користат за првпат, уредот и помошните делови кои доаѓаат во контакт со храната целосно да се исчистат. Можете да ја следите процедурата за чистење во делот ЧИСТЕЊЕ
и ОДРЖУВАЊЕ.
4) КАКО ДА СЕ КОРИСТАТ ФУНКЦИИТЕ
ЗАБЕЛЕШКИ: Запрете и исклучете го уредот ако се почувствува силен мирис или ако излегува дим од уредот. Дозволете му на уредот да се олади 15 минути пред повторно да почне
да се користи.
•
Да не се ставаат тешки состојки како што е тесто за леб или пире од компири – со цел да се избегне на уредот.
•
За да се избегне преоптоварување на уредот додавајте повеќе течни состојки или процесирајте помали парчиња храна.
•
Комплетите со сечилата не можат да се менуваат! Комплетот од 6 сечила е единствено компатибилен со садот од 700 мл и двостраното сечило е единствено компатибилно
со садот од 200 мл.