EasyManua.ls Logo

Delimano MULTIFRESH - Page 93

Default Icon
144 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
93
благо (види Слики, слика 8b)).
•
Да се заротира копчето до режимот за работа VB – ќе чуете звук кога ќе е во позиција и светлото за режимот ќе почне да свети. Да се притисне копчето за да започне VB
циклусот и ќе чуете звук и светилката ќе се вклучи (види Слики, слика 13). Откако ќе се заврши циклусот, уредот ќе запре и автоматски ќе се префрли во стендбај режим.
Светилката ќе почне повторно да свети.
•
VB циклус: вакумирање +3х пулсирања + 30 сек блендирање
•
Да се подигне главата за вакумирање и да се отстрани садот од главниот уред.
•
Да се стави вакумираниот сад и содржина или да се ослободи вакуумот со нежно повлекување на заштитата од силиконскиот вентил – неговото подигнување ќе биде доволно
за воздухот да биде вовлечен (види Слики, слика 10 а).
•
ЗАБЕЛЕШКА: Не мора да го отстраните вентилот за да го ослободите вакуумот.
•
Секогаш прво да се ослободи вакуумот пред да се отвори садот од 700 мл.
•
Се препорачува да се премести вентилот веднаш откако ќе се пушти воздухот (види Слики, слики 10 b) и c)).
•
Важно е држачот за вакуумскиот вентил да биде измиен добро и да биде исушен целосно после секое користење за да се отстранат можните остатоци од храна. Само на
овој начин вакуумирањето ќе биде оптимално.
4.1.4 РЕЖИМ ЗА РАБОТА B: БЛЕНДИРАЊЕ (види Слики, слика 14)
ДА СЕ КОРИСТИ СО САД ОД 700 МЛ И СКЛОП ОД 6 СЕЧИЛА, САД ОД 200 МЛ И СКЛОП ОД 2 СЕЧИЛА ИЛИ ДОДАТОК ЗА ПРОЦЕСОР НА ХРАНА ИЛИ БОКАЛ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ
САД од 700МЛ
•
Да се постави комплетот со вакуумскиот вентил (држачот+вентилот + заштитникот за вентилот) за садот со неговото ротирање во правецот на стрелките од часовникот се
додека индикаторот кај садот не покаже кон обележаното поле кај држачот на вентилот (види Слики, слика 5).
•
Да се стават состојките до максималното ниво кое е обележано кај садот (види Слики, слика 6).
ЗАБЕЛЕШКА: Содржината не смее да го надмине максималното ниво.
•
Да се постави склопот со сечилото врз садот со негово ротирање во правец на движењето на стрелките од часовникот се додека индикаторот од садот не се насочи кон
обележаното поле кај склопот со сечилото (види Слики, слика 7a)).
•
Да се стави садот врз главниот уред и да се заротира во правец на стрелките од часовникот се додека не се чуе звукот на кликање (види Слики, слика. 7b)).
•
Да се заротира копчето до режимот за работа B ќе чуете звук кога ќе е во позиција и светлото за режимот ќе почне да свети. Да се притисне копчето за да започне B
циклусот и ќе чуете звук и светилката ќе се вклучи (види Слики, слика 14). Откако ќе се заврши циклусот, уредот ќе запре и автоматски ќе се префрли во стендбај режим.
Светилката ќе почне повторно да свети.
•
Циклус за блендирање: 3 x пулсирање + 30 сек блендирање
•
Да се расклопи садот од главниот уред со тоа што ќе го завртите во насока спротивна од стрелките од часовникот пред да го подигнете.
САД од 200 МЛ
•
Да се наполни садот со состојки (семиња, зрна од кафе, ореви, зачини, итн).
•
ЗАБЕЛЕШКА: Да се користат само суви состојки. Содржината никогаш не смее да го надмине максималното ниво (види Слики, слика 15).
•
Да се постави склопот со сечилото врз садот со негово ротирање во правец на движењето на стрелките од часовникот се додека индикаторот од садот не се насочи кон
обележаното поле кај склопот со сечилото (види Слики, слика 16).
ЗАБЕЛЕШКА: Да се стави садот врз главниот уред и да се заротира во правец на стрелките од часовникот се додека не се чуе звукот на кликање (види Слики, слика 16b)).
•
Да се заротира копчето до режимот за работа B – ќе чуете звук кога ќе е во позиција и светлото за режимот ќе почне да свети. Да се притисне копчето за да започне циклусот
В и ќе чуете звук и светилката ќе се вклучи (види Слики, слика 14). Откако ќе се заврши циклусот, уредот ќе запре и автоматски ќе се префрли во стендбај режим. Светилката
ќе почне повторно да свети.
Циклус за блендирање: 3 x пулсирање + 30 сек блендирање
•
Да се расклопи садот од главниот уред со тоа што ќе го завртите во насока спротивна од стрелките на часовникот пред да го подигнете. ЗАБЕЛЕШКА: Поради големата брзина
со која се движат сечилата а и поради триењето, состојките може да се топли. Избегнувајте директен контакт со нив или со оската на садот.
ПРОЦЕСОРОТ ЗА ХРАНА И НЕГОВИТЕ ДОДАТОЦИ
•
Да се стави садот од процесорот за храна врз главниот уред и да се заротира во правецот на стрелките од часовникот се додека не се чуе звук “клик“ (види Слики, слика
17а).
•
Да се избере посакуваниот додаток и да се постави на садот од процесорот за храна (види Слики, слика 17b)).
•
Да се стават состојките (кога се користи додаток за матење или сечило за сечење) помеѓу линијата за минимум и максимум (види Слики, слика 17 с) или да се додаде храна
преку отворот за храна (кога се користи додатокот за фино сечкање или крупно сечкање).
•
Да се прекрие садот со капак и да се заклучи во правец на стрелките на часовникот за да се порамни со стрелките од капакот и рачката од садот (види Слики, слика 17d)).
•
Да се користи хранилката и потиснувачот за да се стават состојките (види Слики, слика 17е).
•
Да се заротира копчето во режимот за работа B – ќе чуете звук кога ќе биде во позицијата и светлото за режимот ќе почне да свети. Да се притисне копчето за да започне
VB циклусот и ќе чуете звук и светилката ќе се вклучи (види Слики, слика 17, h, j). Откако ќе се заврши циклусот, уредот ќе запре и автоматски ќе се префрли во стендбај
режим. Светилката ќе почне повторно да свети.
•
Циклус: 30 секудни процесирање на храната.
A) МАТЕЊЕ
•
Да се премести уредот за матење преку централната оска од процесорот за храна (види Слики, слика 17b).
•
Да се наполни садот со состојки.
ЗАБЕЛЕШКА: Да се води сметка за минималните и максималните нивоа на течностите (види Слика, слика 17с).
•
Да се покрие садот со капак и да се заклучи со вртење во насока на стрелките од часовникот за да се порамни со стрелките од капакот и рачката од садот (види Слики,
слика 17 d).
•
Започнете го режимот на работа В (види Слики, слика 17 h, j) и матете се додека не се добијат посакуваните резултати.
B) СЕЧИЛО ЗА СЕЧКАЊЕ
•
Да се премести сечилото за сечкање преку централната оска од процесорот за храна (види Слики, слика 17, b).
•
Да се наполни садот со состојки,
•
Да се покрие садот со капак и да се заклучи со вртење во насока на стрелките од часовникот за да се порамни со стрелките од капакот и рачката од садот (види Слики,
слика 17 d).
Да се започне со B режимот (види слики, слика 17 h,i) и да се сечка се додека не се добие посакуваниот резултат. ЗАБЕЛЕШКА: Можете да додадете уште состојки преку отворот
ако е тоа потребно.
Ако се заглави храна тогаш искористете го PULSE копчето (види Слики, слика 24) за да се истресат состојките.
Можете да ја отстраните горната група сечила ако е тоа потребно со завртување на горниот дел во правецот на стрелките пред да биде изваден долниот дел (види Слики, слика 18).
Повторете го ова во обратен редослед за да се постават сечилата заедно (звук “клик“).
ЗАБЕЛЕШКА: Бидете внимателни кога ракувате со сечилата бидејќи се мошне остри. За да се спречат повреди проверете дали се прцврстени и користете стара и дебела ткаенина за
да се замотаат сечилата пред да бидат поставени или размонтирани, со цел да се избегнат повреди.
C) ДОДАТОК ЗА РЕНДАЊЕ/РЕБРАСТО СЕЧКАЊЕ/ФИНО СЕЧКАЊЕ
•
Изберете го посакуваното сечило (види Слики, слика 17f)).
•
Поставете го избраното сечило кај дискот за сечила и притиснете го полека надолу (види слики, слика 17 g)).

Related product manuals